Доналд Трамп вели дека САД „дефинитивно“ ќе воведат трговски тарифи за ЕУ, откако веќе објавија царини за стоки од Канада, Мексико и Кина.
Увозниот данок од 25 отсто за стоки од Канада и Мексико и 10 отсто за стоки од Кина, почнува во вторник.
Запрашан од Би-Би-Си дали следната е ЕУ, претседателот Трамп рече „тоа дефинитивно ќе се случи“
За тарифите за стоки од Обединетото Кралство, Трамп вели дека Обединетото Кралство е „надвор од линијата. Но… мислам дека тоа може да се реши“.
Трамп наведе низа причини за воведување тарифи на земјите, вклучително и граничната безбедност, приливот на дрога и трговскиот дефицит
За ЕУ, тој вели: „Не ни ги земаат автомобилите, не ни ги земаат земјоделските производи. Тие не земаат речиси ништо“.
Подготви: Д. Мишев