Доналд Трамп објави дека дозволува покренување на процесот за пренос на власта од неговата на идната администрација на Џозеф Бајден во Белата куќа. Трамп преку социјалната мрежа Твитер напиша дека не ја признава победата на Бајден на претседателските избори, но дека во интерес на САД е тој да го дозволи мирниот транфер на власта.
Трамп во свој стил најави дека не ги признава резултатите од изборите и дека во наредниот период, како што рече, ќе ја продолжи борбата за правда во обид судски да ја демонстира, како што ја нарече изборната измама.
Трамп ја повика главната администраторка во Службата за општа администрација (ГСА), Емили Марфи и нејзиниот тим да направат што треба во однос на првичните протоколи. Улогата на службата за општа администрација (ГСА) е да ги поддржува основните функции на американските сојузни агенции и министерства.