Претседателот Доналд Трамп потпиша закон за буџет за повторно отворање на владата и да се стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД, пренесув Би-би-си.
Тој го потпиша краткорочниот буџет само неколку часа откако Претставничкиот дом гласаше со 222-209 за да го одобри во среда вечерта, и два дена откако Сенатот тесно го одобри истиот пакет.
Во Овалната соба, Трамп рече дека владата сега ќе „продолжи со нормалното работење“ откако „луѓето беа толку лошо повредени“ од 43-дневното затворање.
Многу владини служби се суспендирани од октомври, а околу 1,4 милиони федерални службеници се на неплатен одмор или работат без плата. Помошта во храна е исто така оставена во неизвесност, а воздушниот сообраќај е нарушен низ целата земја.
М. Д.












