Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека очекува да го види својот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија на нивната прва средба откако републиканецот ја презеде функцијата, објави ПОЛИТИКО, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Трамп ги даде забелешките по речиси 90-минутниот телефонски разговор со Путин во кој двајцата лидери разговарале за ставање крај на целосната инвазија на Москва на Украина.
„На крајот очекуваме да се сретнеме. Всушност, очекуваме дека тој ќе дојде овде, а јас ќе одам таму, и ќе се сретнеме веројатно во Саудиска Арабија за прв пат, ќе се сретнеме во Саудиска Арабија, да видиме дали можеме да направиме нешто“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
Датумот за состанокот „не е одреден“, но тоа ќе се случи во „не толку далечна иднина“, додаде Трамп. Тој посочи дека на состанокот ќе учествува саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Подготви: Д. Мишев