• Latest
Фото: Скриншот, видео Јутјуб Индипендант

Трамп повторно навреди новинарка – „дали си глупава личност“, по прашање за пукањето во Вашингтон

November 28, 2025

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп повторно навреди новинарка – „дали си глупава личност“, по прашање за пукањето во Вашингтон

November 28, 2025 18:22
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот, видео Јутјуб Индипендант

Фото: Скриншот, видео Јутјуб Индипендант

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп влезе во нов судир со медиумите откако со навредливи зборови ѝ се обрати на новинарка која го праша за неговите тврдења поврзани со неодамнешното пукање во Вашингтон, пренесува Индипендент.

Инцидентот се случи откако новинарката го доведе во прашање тврдењето на Трамп дека администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден не спровела соодветни безбедносни проверки на авганистанските државјани кои дошле во САД во рамките на програмата Operation Allies Welcome во 2021 година.

Трамп ја прекина новинарката и ѝ се обрати со навреда, прашувајќи ја дали е „глупава личност“, по што додаде дека луѓето за кои зборува „дошле со авион заедно со илјадници други што не требало да бидат таму“.

Коментарот следуваше по обидот на новинарката да го соочи Трамп со изјавите за осомничениот Рахманулах Лаканвал, кој, според полицијата, е поврзан со убиството на припадничка на Националната гарда, Сара Бекстром. Според достапните информации, Лаканвал пристигнал во САД токму преку програмата за евакуација по падот на Кабул.

Ова не е прв пат Трамп јавно да влезе во остар конфликт со новинари. На 18 ноември, тој ѝ се обратил со навредливи зборови и на новинарката Кетрин Луси од Блумберг, повикувајќи ја да „молчи“ кога таа се обидела да постави дополнително прашање во врска со случајот на Џефри Епштајн.

Настаните дополнително ја засилија дебатата за односот на американскиот претседател кон медиумите и за употребата на навредлив речник во јавната комуникација од Белата куќа.

Ј. Ѓ.

Tags: навредановинаркаТрамп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ