пишува: САФИТ ЗЕЌИРИ
Улогата на медиумите во обликувањето на приоритетите на политичарите, позната како поставување на политичката агенда, обично се испитува на институционално ниво. Сепак, целите и ставовите на индивидуалните политичари, исто така, се очекува да го обликуваат нивното ниво на одговорност кон медиумите. Треба да се истражи како целите и мотивациите на индивидуалните политичари го мерат нивното реално ниво на реагирање кон медиумите.
Според многу истражувања од западните политички школи, веќе е откриено дека политичарите кои се гледаат себеси како проводник на јавноста се поодговорни кон медиумите отколку оние доверители кои постапуваат по сопствена проценка. Политичарите вклучени во многу прашања, „генералци“, се исто така поодговорни. Конечно, не е пронајдена никаква поврзаност помеѓу пристрасноста кон негативноста на политичарите и нивната медиумска реакција.
Научниците за политичка комуникација тврдат дека медиумската арена е составен дел од политиката, и дека таа не може да се разбере без да се разбере како работат медиумите.
Која е целта на политичарите, да ги водат своите политики како што ги претставиле преку пропагандата, односно политичката идеологија и програма на партијата, или да ги водат своите интереси за мандатот кој им е даден преку парламентарните избори и како победници на истите?
Политичарите треба да се транспаренти и на дебатите да го зачуваат интересот на државата пред се, за понатамошен развој, интегритет и зајакнување на економијата, и се што е барано пред гласачите за време на кампањата да го исполнат користејќи ги сите институционални права.
Брзиот развој на информатичката технологија, како и политичките науки, но и науките за масовна комуникација, доведуваат до професионализација и зголемено унапредување на политичката комуникација, како многу важен аспект за политиката, државата и управување со владата. Во која било фаза на развој и во кое било поле на дејствување, не може да има одржливи политики доколку не се поддржани, допаднати (лајкувани) и на тој начин прифатени и легитимирани од граѓаните или пошироката јавност. Особено денес кога социјалните мрежи ги користат скоро сите граѓани кои не се само приматели, туку и испраќачи и дистрибутери на информации. И, кога овие случувања ја принудуваат владата да биде поотворена и поинформативна за јавноста.
Еден од основните принципи на демократијата, покрај слободните и плурални избори, е слободата на мислата, говорот и слободниот печат, што обично се пренесува преку медиумите. Во овој контекст, еден од клучните елементи на креирање и спроведување на политиките, е транспарентноста. Транспарентност не само за владини институции, но и за самите политички субјекти и други политички актери, е најдобриот гарант за отчетност и ефективност на јавните политики. Затоа, транспарентноста кон граѓаните е основен услов и клучниот елемент на демократското функционирање на државата.
Најоптимален начин за поддршка на политиката и постигнување нејзин легитимитет од народот е одговорноста пред граѓаните, што се докажува преку фер и добро планирани професионално информирани податоци. Додека сигурноста се постигнува врз основа на транспарентност и добри односи со јавноста. Влијанието на јавното мислење врз процесот на креирање политики во демократските земји е исклучително висок и важен, затоа што е докажано од многу истражувања и научни дела во различни сектори, како што се надворешната политика, еколошката политика, финансиската политика итн.
Врз основа на член 9 и 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се подразбира дека граѓаните имаат законско право да имаат пристап до документи и информации од јавен карактер, воедно институциите се задолжени за спроведување на истиот.
Но, главниот заштитник на интересите на општеството во демократскиот систем не се само Уставот или Законите како алфа и омега на било која држава, туку и информирањето на јавноста, преку медиумите, печатените и електронските медиуми, како и граѓанското општество, со цел да се заштитат демократските вредности на најдобар можен начин. На пример, уставот не зборува за судир на интереси, непотизам или организиран криминал, иако законот ги санкционира и регулира овие прашања на нормативен начин, сепак се медиумите оние што откриваат и објавуваат негативни појави во општеството. Но, улогата на медиумите и граѓанското општество обично не завршува тука. Тие ги туркаат институционалните чинители и креаторите на политиките да станат поодговорни, потранспарентни и да ги координираат своите политики со барањата на јавното мислење, што главно се артикулира преку медиумите.












