• Latest

Треба ли студентите да станат комити за да не живеат под диктатура?

July 1, 2016

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Треба ли студентите да станат комити за да не живеат под диктатура?

July 1, 2016 14:29
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Скандинавците може да им позавидуваат на спроведените студентските избори на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, бидејќи беа фер, демократски, транспарентни и немаше никакви инциденти и изборни манипулации…“ Колку само убаво ќе звучеше, да беше вистина? Ама, во Македонија продемократски студенти беа нападнати од вооружени специјалци, кои по наредба бранеа  очебиен фалсификат – со украдени кутии, ливчиња без печат, доведувани „студенти“ од подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ и нивни постари мускулести сопартијци… 

10599119_1145612902133558_7387936387436943090_n
Пишува: Дехран Муратов

Македонија црвенее од срам. Вчера во Скопје имаше сѐ, освен студентски избори. Неодамна Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, одбележа четврт век 25 години од постоењето, со крајно крајно контроверзно видео-решение на бројот на годините и со паролата „Во младите е силата!“… За жал, и најмладите членови на партијата на власт, како да го признаваат само законот на силата, додека нивните продемократски, генерациски другари, кои се уште живеат во Македонија, ги претпочитаат достоинството, патриотизмот, гордоста, храброста, честа…

Дали, вчера власта на Никола Груевски имаше генерална проба за да види колку нивните млади поддржувачи се лојални и дали се подготвени навистина да газат сѐ пред себе, само да и ги задоволат болните апетити за апсолутна власт која ги контролира сите сфери на општеството. Дали изјавите на Груевски дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвена за избори, значат дека набилданите партиски послушници, вработени по заслуги во администрацијата, се секогаш подготвени за крадење и кршење на кутии со гласачки ливчиња – за било какви избори, за насилство и врз девојки, нормално, под заштита на полицијата?

Додека ги гледав мажулињата од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, како им се силат на девојките од Студентски пленум, се вџашив – од нивната агресивност кон студентките! Зарем се на се подготвени за да му се умилкуваат на нивниот „вечен“ владетел…!? Пред да го покажат вистинското лице, дел од насилниците се обидуваа и да им се „додворуваат“ на пленумките, кои со оглед дека доведените „додворувачи“ не знаеја каде е ТЦ „Мавровка„, љубезно им понудија да им помогнат при преминувањето на крстосниците дотаму, поради семафорите… И дотука, беше и до некаде, прифатливо, иако се разголуваше тажната слика за двете паралелни, и засега непомирливи Македонии, дури и меѓу студентите.

Но,  додека мускулестите типови трчаа со одземените кутии со гласовите, демек, на пребројување, како да тренираат за на Олимпијада и сообено кога специјалци вооружени до заби, тргнаа во акција, чиниш, како да разбиваат „терористичка група“, а всушност, малтретираа и туркаа правдољубиви млади луѓе, студенти кои бараа праведни и фер избори, се премина црваната линија. Македонија е пред чекорот по кој ќе нема назад! Откако избрка 600.000 млади луѓе од Македонија, власта на Груевски целосно ја загуби контролата врз своите постапки, напаѓајќи го и оној дел од иднината на земјава, кој се уште не избегал…

Власта си избра соодветен претседател на СПУКМ, напаѓајќи ги студентите и збеснувајќи ги нивните родители. Што е следниот чекор? Намерно провоцирање на продемократските студенти за отворен судир со младите и постарите насилници под партиски чадор, со полицијата? Ректорот на УКИМ срамно молчи. Автономијата на Универзитетот ја згазија полициските борни коли… Иванов се закани и со војската… Демократска Македонија црвенее од срам.

 

Tags: изборни нерегуларностиманипулацииспецијалциСПУКМстудентски избориУМС на ВМРО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ