• Latest

Тренчевска – Јанковиќ: Соработката меѓу нашите држави продолжува во иста насока

October 28, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска – Јанковиќ: Соработката меѓу нашите држави продолжува во иста насока

October 28, 2022 15:52
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Невена Јанковиќ. На средбата тие разговараа за блиските билатерални односи помеѓу државите, можностите кои ги нуди Отворен Балкан како и предизвиците со кои се соочуваат државите во регионот во однос на младите и иселувањето, соопшти МТСП.

Двете соговорнички изразиле благодарност за досегашната соработка, како и за поддршката во време на економска и енергетска криза. Разговарале и за можностите кои што ги нуди Отворен Балкан и како тоа позитивно влијае на билатералните односи помеѓу државите.

-Ви благодарам на целата поддршка што Република Србија ја дава на Република Северна Македонија, нашето врвно раководство и премиерот и претседателот се во постојана комуникација со претседателот и премиерката на Србија и навистина во овие тешки кризни моменти ви благодарам на поддршката што ја давате на нашата држава. И во делот на земјоделието како и гас и електрична енергија, за се она што во моментот е како предизвик за нас, ја добиваме поддршката од вас, рекла Тренчевска.

Амбасадорката посочила дека Република Северна Македонија ја има целосната поддршка од нејзина страна кога станува збор за унапредување квалитетот на живот на граѓаните а особено на младите лица во државата. Таа акцент ставила на иселувањето на младите од државите, како предизвик со кој што се соочува цел регион во моментот.

– Иселувањето на младите е предизвик. Кога ќе го отвориме пазарот помеѓу Република Северна Македонија, Република Србија и Албанија ќе значи многу и за нашите еконимии, проширувањето на можностите на пазарот на трудот како и на задржувањето на младите во родните земји. ИТ секторот кај вас е доста развиен, го следиме вашиот пример и се залагаме и кај нас да го постигнеме истото. Да создадеме една критична маса на млади кои што ќе имаат можност да работат за компании од надвор но сепак да останат во нашата држава, нагласила Тренчевска.

Министерката и амбасадорката се согласиле дека понатамошните заложби треба да бидат во насока на вложување во младите лица во државите затоа што тоа значи влог во иднината.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ