• Latest

Тренчевска: Преку размена на искуства и пракса со Австрија, го унапредуваме згрижувањето како форма на заштита на децата без родители и родителска грижа

October 6, 2022

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Преку размена на искуства и пракса со Австрија, го унапредуваме згрижувањето како форма на заштита на децата без родители и родителска грижа

October 6, 2022 14:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Харалд Фугер, аташе при Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија и Јулијана Накова Гапо,  извршен директор на СОС Детско село Северна Македонија, со воведни обраќања ја отворија дводневната „Конференција за размена на знаења и практики помеѓу стручни лица од Австрија и Северна Македонија на тема: „Згрижување и згрижувачки семејства“, во Клубот на пратеници, информираат од МТСП.

На конференцијата учествуваат  претставници на Сојузното министерство за социјална заштита, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија, Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности и Центрите за поддршка на згрижувачки семејства.

Министерката Тренчевска во своето обраќање истакна дека правилниот избор на формата на заштита на децата без родители и родителска грижа e клучна за обезбедување на безбедна семејна средина и планирана иднина, но и развивање на личности кои ќе треба да ја понесат одговорноста како возрасни лица подготвени за иднината.

„Секое дете заслужува топол дом и семејство кое за него се грижи!Но, за жал не секое дете ја има таа можност неговото биолошко семејство да се грижи за него. Како Влада и ресорно Министерство во чија надлежност е детската заштита, наша одговорност и сериозна задача е да обезбедиме топла семејна средина и услови за правилен психо-физички развој на децата, кои поради разни причини тоа го немаат. Бидејќи сместувањето во згрижувачко семејство како форма на заштита е најблиско до живеењето во семејството, Министерството за труд и социјална политика спроведувајќи го процесот на деинституционализација презеде низа активности за развој на оваа форма на заштита преку донесување на законски и подзаконски акти, упатства и програми за работа, како и обуки на стручните работници во насока на зголемување на бројот и квалитетот на згрижувачките семејства,“ истакна Тренчевска.

Министерката се осврна и на отворањето на трите центри за поддршка на згрижувачките семејства, СОС Детско село, Детскиот дом „11 Октомври„ Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола кои  ја обезбедуваат поддршката на згрижувачките семејства на цела територија на нашата држава. Центри кои вршат промоција на услугата згрижување во семејство, подготовка,  проценка  и  обука  на  идни  згрижувачки како и следење  и  поддршка  на постојните згрижувачки семејства.

Харалд Фугер, аташе за социјални прашања при амбасадата на Република Австрија, истакна дека Конвенцијата на ОН за правата на детето, склучена во 1989, ги обврзува државите-потписнички да ги промовираат правата на детето и да ги вградат основните принципи на конвенцијата во системите за грижа за деца и млади.

„Овие принципи го вклучуваат, меѓу другото, најдобриот интерес на детето како основа за сите мерки на институциите кои се однесуваат на децата и младите, задолжителното вклучување на волјата на самото дете, правото на детето да го изрази своето мислење во однос на процедурите кои се однесуваат на него и неговото право да контактира со своите биолошки родители.  Во согласност со поглавјето 23 на акито на ЕУ, земјите-членки мора да обезбедат почитување на фундаменталните права пропишани со Повелбата на ЕУ за фундаментални права, а нејзиниот член 24 ги дефинира принципите во поглед на правата на детето. Австрија ја поддржува Северна Македонија во процесот на пристапување во ЕУ преку преку различни активности. Австриското Министерство за социјални прашања тековно финансира 13 билатерални проекти во областа на социјалата,“ истакна Фугер.

Јулијана Гапо, национален директор СОС Детско село потенцираше дека грижата за децата во ризик е обврска на сите нас. СОС Детско село, и граѓанскиот сектор воопшто, е партнер на институциите во обезбедувањето подобри услуги и грижа за децата.

„Во април, СОС Детско село стана првиот приватен центар за поддршка на згрижувачките семејства, финансиран од министерството. Поддржуваме 62 згрижувачки семејства во Вардарскиот, Скопскиот и Југоисточниот регион. Неодамна ја започнавме кампањата „Подај рака, промени живот и стани згрижувач“, за да го истакнеме значењето на згрижувањето. Првите обуки за семејствата кои посакаа да станат згрижувачи се веќе во тек. Ги повикувам граѓаните да ја посетат веб-страницата www.zgrizuvanje.mk и, доколку имаат можност, да променат макар еден детски живот. Така целото општество станува подобро!,“ порача Гапо.

Дводневната Конференција е организирана од страна на трите вклучени страни е со цел, да се разменат искуства и пракса кои ќе придонесат за унапредување на формата на заштита на децата- згрижување во згрижувачки семејства.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ