• Latest

Тренчевска: Само обединети може да постигнеме подобри резултати во превенцијата и заштитата од насилство врз жените и семејното насилство

March 23, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Само обединети може да постигнеме подобри резултати во превенцијата и заштитата од насилство врз жените и семејното насилство

March 23, 2022 13:25
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска учествуваше на работилница за спроведување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.  На работилницата која е организирана во соработка со УНФПА, претставници од институциите и организациите информираа за проектните активности  за спречување и заштита од насилство врз жените. Во своето обраќање министерката Тренчевска рече дека Владата и Министерството за труд и социјална политика секојдневно ги подобруваaт националните политики за постапување, превенција и заштита на жртвите од родово базираното насилство.

Таа порача дека најважно е сите институции и чинители кои работат на превенција и спречување и заштита од насилство врз жените со цел ефикасна постапка за нивна заштита и реинтеграција во системот, да се обединат.

„Само обединети може да постигнеме подобри резултати во превенцијата и заштитата од насилство врз жените и семејното насилство. Законoт за заштита од насилство врз жените и семејно насилство ги прецизира дејствијата и мерките кои што треба да ги преземе државата, односно институции и чинители кои работат во областа за спречување и заштита на насилство врз жените и семејното насилство. Со овој Закон за прв пат се воведе принципот на постапување со должно внимание на интересите и потребите на жртвата од страна на институциите при преземањето на  мерки за превенција и заштита од родово базирано насилство. Ова е значајно  бидејќи еден од најсериозните проблеми е непријавувањето на насилството од страна на жртвите, што е најчесто резултат на недовербата во институциите, затоа сите заедно треба да работиме на враќањето на довербата“, рече Тренчевска.

Според Тренчевска обуките на релевантните професионалци кои постапуваат со жртви или со сторители на сите акти на насилство опфатени со Истанбулската конвенција придонесуваат за спречување и откривање на насилството врз жените.

„Обврска на сите нас е заеднички да придонесеме да имаме еден функционален систем кој ќе биде ефикасен и ќе придонесе во спречувањето на сите форми на насилство врз жените. Факт е дека пред нас имаме уште работа, пред се во унапредувањето на услугите, мултисекторскиот пристап, раната детекција, како и подигнувањето на свеста кај жените дека е многу важно да се пријави насилството“, рече Тренчевска.

Целта на проектот  да ја поддржи Владата во воспоставувањето и имплементирањето на интегрирани политики за родово – базиран насилство насекаде во земјата во согласност со принципите на Истанбулскста конвенција. Имплементатор на проектот „Превенција и заштита од родово – базирано насилство во Северна Македонија“ е Фондот за население на обединетите нации (УНФПА).

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ