• Latest

Тренчевска: Со актуелната методологија, порастот на минималната пензија е околу 4.000 денари

August 15, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Со актуелната методологија, порастот на минималната пензија е околу 4.000 денари

August 15, 2023 10:54
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во утринската програма на Македонската телевизија, зборуваше за пензиите, моменталната методологија за усогласување на пензиите, состојбата на пензискиот систем и барањата на пензионерите кои излегоа на протест.

„Кога бев избрана за министерка прва работа што ја направивме беше воспоставување на системско  решение за постојан раст на пензиите, методологија  која ги следи инфлацијата и просечната плата. Решение согласно кое пензијата нема да биде условувана од ниедна влада и политичка партија,“ рече Тренчевска.

Министерката истакна дека секој март и септември пензиите се усогласуваат со оваа методологија. Како и дека од 2022 година досега, пензијата е зголемена за 24 отсто. Таа потенцираше дека сепак не мисли дека минималната пензија е висока, но од 9000 денари таа согласно последното усогласување расте за околу 4000 денари односно ќе биде над 13.000 денари.

Министерката се осврна и на политичката позадина на организацијата на протестите на пензионерите, дека тие не се воопшто спонтана реакција, туку зад нив стои опозицијата односно ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со вчерашната средба со претставниците а Иницијативниот одбор на пензионери кои протестираа, таа порача дека вратите на министерството се отворени за секој граѓанин, за информација, барање и потреба. Барањата кои беа истакнати од страна на Иницијативниот одбор ќе се разгледаат.

Легитимно е да се протестира, а прашањето за линеарно зголемување е уставна категорија.  Таа постави прашање, во однос на тоа дали 18.000 минимална е праведно за сите пензионери, ако имаме предвид дека најголем дел од пензионерите со минимална пензија имаат пократок работен стаж, а останатите што примаат околу 20.000 денари имаат подолг работен стаж и нивниот влог да го изедначиме со оние кои немаат влог како нивниот.

Министерката информираше дека денеска ќе се одржи состанок со Сојузот на пензионери на Македонија, како легитимно тело кое ги претставува пензионерите и ќе се отвори дискусијата за барањата на пензионерите кои протестираат, но и други прашања.

Таа уште еднаш потенцираше дека со популистички мерки, како линеарно покачување на пензиите ќе се доведе во прашање стабилноста на пензискиот систем. Таа порача и дека оваа Влада е насочена да креира политики со кои се обезбедува стабилен пензиски фонд , редовни пензии кои ќе продолжат да се исплаќаат предвреме.

Тренчевска апелираше и до општините, во рамки на нивните надлежности како што креираат мерки за ранливи категории, да креираат мерки и за пензионерите кои имаат пониски пензии. За таа цел се воспоставени и социјалните совети при општините кои можат да предлагаат мерки за граѓаните во нивните локални заедници.

Министерката се осврна и на пензиите во регионот и порача дека споредено со соседните земји како држава сме некаде на средината. Односно во Србија минималната пензија е 10.841 денари, а 19.866 денари просечната пензија. Во Хрватска, со одлука на Владата се носи износот со кој се множи годините на стаж па така, 11.19 евра, помножено со годините на стаж. Црна Гора минимална пензија е 280 евра, а Грција 411 евра.

Tags: пензииТренчевска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ