• Latest

Трета фаза на олабавувањето на мерките во Грција

May 18, 2020
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Трета фаза на олабавувањето на мерките во Грција

May 18, 2020 08:30
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со враќање во училишните клупи на сите средношколци, со отворање на археолошките локалитети, меѓу кои и Акропол, со отворање на зоолошките градини, дозволено патување во континентална Грција и на Крит, но и со отворање на моловите и трговските центри, една недела порано од планираното, од денеска во Грција започнува третата фаза на олабавувањето на рестриктивните мерки и постепеното враќање во „новата нормалност“, јави дописничката на МИА од Атина.

На работа се враќаат 6.669 вработени и се отвораат 1.703 бизниси, а и во оваа фаза постојат посебни правила и прописи и мерки до кои треба да се придржуваат сите граѓани, без разлика дали се вработени, клиенти, ученици и сл.

Минатата седмица, во училишните клупи се вратија матурантите, а од денеска наставата започнува и за сите средношколци.

По еден ученик во клупа на растојание од еден и пол метар, најмногу 15 ученици во секој училница, поделба на класовите и наизменични одмори за да се избегнат гужви, се дел од правилата под кои работат грчките средни училишта.

Министерството за образование на Грција донесе одлука, за учениците кои од оправдани причини ќе останат дома да имаат можност директно, во живо да ги следат часовите и предавањата, нешто што наиде на реакции во земјата и обвинувања како од опозицијата, така и од дел од просветните работници кои протестираат во средата.

За основните училишта и градинките за деца од четири до шест години, дополнително ќе се разгледа можноста за отворање на 1 јуни, доколку тоа го дозволува текот на епидемијата.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера, на социјалните мрежи сподели видео во кое на учениците им е објаснето кон кои мерки треба да се придржуваат додека се на училиште.

Под посебни мерки ќе работат и трговските центри и моловите во Грција, кои вратите за граѓаните ги отвораат една седмица порано, наместо на 25 мај како што првично беше планирано.

Во продавниците што се наоѓаат во моловите е задолжителна употребата на маска и од вработените и од муштериите, а за во останатите делови од моловите, односно за ходниците и останатите простории постои силна препорака за користење маска.

Бројот на муштерии ќе биде во зависност од големината на просторот, односно еден на 20 метри квадратни, а задолжително е одржување на потребното растојание.

Растојание од еден и пол метар ќе треба да одржуваат и посетителите на над 200-те археолошките локалитети во Грција, кои исто така од денеска ги отвораат вратите за посетителите.

Пред влезот на Акропол веќе се поставени потребните ознаки.

За посетителите постои препорака да носат заштитни маски и да имаат антисептички средства, ќе влегува само конкретен број лица на секој час, а ќе има и посебен процес за влез и излез на посетителите.

За зоолошките градини постои силна препорака да се носи маска и задолжително да се одржува растојание од два метри, додека пак забрането е одржување претстави и приредби за децата.

Посебни услови за патувањето со брод, автобус, воз или авион во Грција

Денеска се укинува уште една рестриктивна мерка за Грците, односно забраната за движење вон периферијата на постојано живеалиште, па така ќе биде дозволено патување низ земјата, но само во континенталниот дел и на островот Крит.

Според здравствените протоколи, употребата на маска е задолжителна за сите превозни средства, а возовите, меѓуградските, туристичките и приватните автобуси ќе возат со 50 отсто од нивниот капацитет, заклучно со 31 мај 2020 година, кога одново ќе се разгледаат епидемиолошките податоци.

Со половина од капацитетот и со посебни превентивни мерки ќе пловат и бродовите, а мерките се во сила до 15 јуни 2020 година.

Предвидено е на патниците да им се мери температурата и да пополнуваат специјален прашалник за здравствената состојба пред да се качат во брод; да постои по едно празно седиште меѓу патниците; во кабините дозволено е само едно лице, освен ако не станува збор за семејство; како и влегувањето и излегувањето да биде со одржување на потребното растојание, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на авионскиот сообраќај, не постои одлука за намален број патници, односно авионите ќе летаат полни и нема да има празно седиште меѓу патниците.

Веднаш по завршувањето на патувањето, ќе треба да се исчисти кабината на авионот пред повторно да полета.

Следниот понеделник се отвораат кафулињата и рестораните

Во четвртата и последна фаза за месец мај, следниот понеделник ќе се отворат кафулињата, рестораните, таверните, односно сите угостителски објекти во Грција и тоа една седмица порано од планираното.

Дозволениот број на гости ќе биде во зависност од големината на просторот, по едно лице на два метри квадратни, масите ќе бидат на растојание од 70 сантиметри до еден метар и 70 сантиметри во зависност од поставеноста на столиците, а на една маса ќе бидат дозволени најмногу шест лица.

Во сите  четири фази, од 4 мај, заклучно со 25 мај 2020 година, како што јави дописничката на МИА од Атина, во Грција, на работа ќе се вратат 531.542 вработени, односно 77 отсто од оние кои поради рестриктивните мерки беа на принуден одмор, а ќе се отворат 65 проценти од затворените бизниси, односно 196.573

Во Грција, од почетокот на епидемијата заклучно со вчера, регистрирани се вкупно 2.834 позитивни случаи на Ковид-19, а починаа 163 лица.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ