• Latest

Трета кривична пријава за четири месеци, Трамп обвинет за обид да го поништи изборниот резултат во 2020 година

August 2, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трета кривична пријава за четири месеци, Трамп обвинет за обид да го поништи изборниот резултат во 2020 година

August 2, 2023 14:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет дека планирал да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година. Тоа е трета кривична пријава во изминатите четири месеци.

Овој пат, како што пренесува РСЕ, обвинителите го обвинуваат за обид да ја поништи неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година, во момент кога прави обид да ја добие републиканската претседателска номинација за претстојното гласање во 2024 година.

Седумдесет и седумгодишниот Трамп негира дека извршил криминални дејствија. Тој на социјалните мрежи го нарече случајот „смешен“.

Трамп, кој сега се соочува со вкупно 78 обвиненија во три одделни случаи, моментално води во трката за следниот републикански претседателски кандидат.

Републиканскиот политичар веќе е обвинет во два други случаи: погрешно постапување со доверливи досиеја и фалсификување деловни записи за да се прикрие тајна исплата на порно ѕвезда.

Новото обвинение вклучува истрага за настаните околу бунтот на 6 јануари 2021 година во американскиот Капитол.

Изборната истрага се фокусираше на постапките на Трамп во двата месеци помеѓу неговиот пораз од Џо Бајден и немирите во Вашингтон, каде што неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот додека пратениците ја потврдија победата на демократите.

Обвинението за четири точки го обвинува Трамп за заговор за да ја спречи победата на актуелниот претседател Џо Бајден и да ги лиши гласачите од нивното право на фер избори.

На поранешниот претседател му беше наредено во четврток на 3 август да се појави пред федералниот суд.

Обвинението произлезе од истрагата што ја водеше специјалниот обвинител Џек Смит.

„Нападот врз нашиот главен град на 6 јануари 2021 година беше напад врз седиштето на американската демократија. Како што е опишано во обвинението, тој беше поттикнат од лагите на обвинетиот – со цел да се нарушат основните функции на Владата на Соединетите држави“, рече Смит во краткото обраќање до новинарите.

Во обвинението се наведува дека Трамп заговарал со уште шест неименувани лица за да го поништи исходот од претседателските избори во 2020 година.

Обвинителите во обвинението прецизираа дека поранешниот американски претседател бил свесен дека неговите тврдења за изборни нерегуларности се лажни – но, и покрај тоа, тој ги повторил со цел да создаде интензивна атмосфера на недоверба и гнев и да ја поткопа вербата на јавноста во спроведувањето на изборниот процес.

Од штабот на Трамп тврдат дека се работи за политички прогон.
Во својата реакција – кампањата на Трамп објави дека тој секогаш го почитувал законот и обвинението го окарактеризира како политички прогон, кој се поврзува со периодот на нацистичка Германија.

Официјални лица сведочеа за време на истрагата дека Трамп им вршел притисок врз основа на лажни тврдења за широко распространета гласачка измама.

Дел од неговите поддржувачи, прифаќајќи ги тие тврдења некритички, го нападнаа седиштето на американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година во обид да спречат изборна потврда на актуелниот претседател Бајден.

Tags: Доналд ТрампобвинениеСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ