Власта и опозицијата се договорија да продолжат преговорите околу 65 амандмани на опозицијата за законот за Јавно Обвинителство, во кој треба да се реши и судбината на Специјалното јавно обвинителство. И министерката Рената Дескоска и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ признаа дека сѐ уште има разлики, но има и надеж за постигнување консензус, односно договор за новиот Закон за Јавно обвинителство.
Според министерката Дескоска, разликите се околу статусот на СЈО и употребата на аудио материјалите од прислушуваните разговори. Пред започнување на средбата, Милошоски изјави дека тие барат имплементација на праксата од Европскиот суд за човекови права но не прецизираше конкретни случаи и што конкретно бараат со тоа. По средбата, тој изјави само дека се договориле амандманите да се делат на две групи, каде во едната ќе бидат околу 20-те посуштински а во другата останатите кои според него имаат повеќе технички карактер.
А. Зеќири
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.