Медицинската сестра од Сиднеј, која беше суспендирана поради видео на кое наводно упатува закани кон израелските пациенти, е обвинета од полицијата, објви Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Сара Абу Лебдех (26) се соочува со три обвиненија: закана со насилство кон група, користење комуникациски сервис за да се закани дека ќе убие и користење комуникациски сервис за вознемирување или предизвикување навреда.
Абу Лебдех и уште еден маж беа суспендирани од нивните должности во болницата Банкстаун откако видеото – снимено на анонимна онлајн платформа која ги спојува луѓето по случаен избор за разговор – беше објавено на интернет.
Властите велат дека „нема докази“ дека парот навистина им наштетил на пациентите.
Подготви: Д. Мишев