• Latest

„Tribunus Civilis“ со пресуда „за убиство на судскиот поредок“

March 11, 2016

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Tribunus Civilis“ со пресуда „за убиство на судскиот поредок“

March 11, 2016 15:20
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Tribunus Civilis (Граѓански суд), на своето второ „рочиште” – “Граѓаните против Политичка партија”, им пресуди на лидерот на владејачката партија и на самата партија, за злосторничко здружување против уставниот поредок на Република Македонија.

DSC_0033

Граѓанските судии Трендафил Ивановски, како главен судија, Наталија Поповска и Вики Младенова, истакнаа дека „убиството на судскиот систем“ и принципот на поделба на власт, што се случуваше во изминатата деценија и што доведе до тензично спротиставување помеѓу правото и правдата, се основна причина за денешното судење. Судиите изразија загриженост за уназадувањето на либералната демократија, и за  антиуставниот заговор кој има за цел создавање на националистички и авторитарен систем.

DSC_0019

Обвинителот Ѓунер Исмаил смета дека, “политичката партија против која се води случајот на Граѓанскиот суд, создала систем кој има за цел да го укине независното судство, и да се постави себеси како единствен легитимен застапник. Системскиот судир со уставните одредби за поделба на власта создава едноумие во секоја пора од општеството.”

Тоа што најмогу загрижува е што не се работи за неукост, туку за намерен заговор против судството. Докази врз кои се темелеше случајот на Обвинителството се судските процеси против Јован Вранишковски, Велија Рамковски, Љубе Бошковски, Томислав Кежаровски…. Презентирани беа и неколку случаи: “Змиско око”, “Пајажина”, “Монструм”… Обвинителството денешниот случај го затвори со емитување на снимките од прислушуваните разговори кои укажуваат на наводни влијанија на политичката партија на власт, во изборот на судии и врз пресуди во конкретни случаи.

DSC_0035

Одбраната претставена од Борјан Јовановски, зборуваше за позитивните заложби на владејачката партија во создавање на независно судство. Посочени беа големиот број на обуки, размени и посети кои им беа овозможени на судиите за нивна надградба. Реконструкцијата и новите згради, новиот закон за обвинители, формирањето на Академија на судии и обвинители, беа дел од примерите кои според Јовановски, зборуваат за промените во македонството судство “кое споредено со времето на СДСМ, воведе ред и поредок. Потврда за тоа се и казните клевета и навреда, со кои се регулира медиумскиот простор.” Најсилен доказ врз кои се базираше одбраната е фактот што денес, “судиите се бираат меѓусебно, со тајно гласање, а не во Собрание како што бeше во времето на СДСМ.”

По разгледување на сите приложени докази, судиите на Tribunus Civilis, пресудија дека политичката партија на власт, на чело со лидерот, е виновна за предавство на демократијата и човековите права, и за уривање на уставниот поредок.

“Лидерот и самата партија работеле свесно и со намера од Македонија да создадат авторитарна држава, спротивно на уставниот поредок, и на рушење на демократските принципи, особено на владеењето на правото.”

На првото „рочиште” Tribunus Civilis, им пресуди на обвинетите: Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Иво Котески и Дејан Митревски-Урко, за обид за прикривање на убиството на Мартин Нешковски.

Марија Теговска

Tags: Tribunus CivilisБорјан ЈовановскиВелија РамковскиЃунер ИсмаилЈован ВранишковскиЉубе БошковскиМарија ТеговскасудствоТомислав КежаровскиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ