• Latest

Трошанска: Инклузијата ниту почнува ниту завршува со образованието

July 20, 2019

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Трошанска: Инклузијата ниту почнува ниту завршува со образованието

Трошанска смета дека тоталната инклузија е невозможна и се надева дека оние кои ќе ги носат одлуките за лицата со попреченост, ќе ги земат предвид сите лица со попреченост и дека ќе се донесат разумни решенија кои пред се ќе бидат во корист, а не на штета на оние за кои всушност и се наменети овие промени.

July 20, 2019 11:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на усвојување на Законот за основно образование којшто деновиве треба да влезе во собраниска процедура, но и најавите на министерот за образование Арбер Адеми, за тотална инклузија на децата со посебни образовни потреби во редовниот образовен систем, зборуваме со Јасмина Трошанска, доктор по дефектолошки науки, кој 13 години работи со деца со аутистичен спектар на нарушувања и се бори за подигнување на свесноста за аутизмот во општеството.

Трошанска смета дека тоталната инклузија е невозможна и се надева дека оние кои ќе ги носат одлуките за лицата со попреченост, ќе ги земат предвид сите лица со попреченост и дека ќе се донесат разумни решенија кои пред се ќе бидат во корист, а не на штета на оние за кои всушност и се наменети овие промени.

ЦИВИЛ МЕДИА: Јавноста повторно се подели околу новиот предлог закон за основно образование, особено околу инклузијата на учениците со посебни образовни потреби. Министерот Адеми најави тотална инклузија на учениците со посебни образовни потреби во редовната настава во редовните училишта. Од друга страна, пак, Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје смета дека најдобро е и понатаму да се практикува комбинираниот модел на инклузивно образование и инсистира на тоа дека треба да се почитува правото на родителите околу изборот за тоа каде ќе го запишат своето дете. Кој е вашиот став?

ТРОШАНСКА: Секој има своја вистина, и едните, и другите. Сведоци сме дека на социјалните мрежи многу луѓе се поделија меѓу себе. Едните настапуваат од хумани причини, додека другите се водат од професионални причини. Ако добро ја разгледаме целата ситуација можеме да кажеме дека не, ние не сме спремни за инклузија. До сега многу пати и со години се зборува за тоа, се реализирале многу проекти за оваа тема, но на крајот истражувањата покажале дека ние не сме подготвени за сето тоа.

Кога станува збор за инклузија, зошто сите го гледаме образованието? Инклузијата ниту почнува ниту завршува во процесот на образование. Инклузијата значи нешто многу повеќе. Нешто многу поголемо. Тоа е вклучување на лицата со попреченост во општеството. За да ги подготвиме треба да започнеме од моментот кога ги откриваме. На пример, за децата коишто се откриваат на рана возраст и имаат некаква попреченост потребно е да преземеме секакви мерки за да ги вклучиме во предучилишните установи. Затоа што таму започнува инклузијата. Таму децата ги градат своите ставови. Подоцна тие деца ќе бидат подготвени за да ги вклучиме во редовниот систем на образование.

Денес сме сведоци дека голем дел од овие деца се исфрлени од градинките. Има голем број на деца коишто не се прифатени заради тоа што учителките не можат да се справат. Затоа што имаат преголем број на деца. Ако такво дете коешто не посетувало градинка го вклучите веднаш во основното образование, тоа ќе биде вистински шок.

ЦИВИЛ МЕДИА: Сакате да кажете дека образовниот систем не е подготвен да ја имплементира тоталната инклузија?

ТРОШАНСКА: Па, не е подготвен. Тотална инклузија не постои. Дури и најразвиените европски држави се обиделе во процесот на тотална инклузија, но се видело дека тоа не е добро заради самите деца кои се со попреченост. И тука не мислам на деца со лесна попреченост, постојат деца коишто имаат комбинирани потешкотии. Постојат деца со аутизам коишто, на пример, средината во редовно училиште и огромен број на деца, со ходници во коишто има премногу ехо, во коешто има премногу дразби коишто можеби им пречат, тоа за нив ќе биде голем шок. И тие деца наместо да ги изразат своите јаки страни во училиштето ќе уназадуваат.

Заради тоа секаде во светот постојат посебни училишта. Не мора да одите да ги посетите, јас имав можност да ги посетам, но можете да стиснете на гугл мапс, да отворите некој од градовите во Европа или во светот, на пример напишете Мелбурн и ќе видите колку специјални училишта постојат во самиот град.

Значи, целта на образованието е да ги подготви граѓаните, односно лицата со посебни потреби и сите други деца коишто се од невротипичната популација, за да бидат спремни да придонесуваат во општеството.

Од друга страна, нашето образование се наоѓа во криза, каде што голем дел од децата по завршувањето на образованието се неподготвени. Кога ќе завршат основно образование многу малку од нив се спремни за средно образованите, па оттука голем дел одат во гимназии, а многу малку во стручните училишта. Децата со попреченост, пак, скоро и да не посетуваат средно училиште. Многу често се водат дека посетуваат, меѓутоа не посетуваат.

Голем дел од оние деца со попреченост коишто посетуваат редовно образование, кога училиштето не може да им излезе во пресрет на потребите, ниту детето може да се справи со околината, многу често овие деца се зависни од персонален асистент и седат во училиште само по два до три часа. Тоа не е образование. Тоа е водење на бројка.

Не се виновни тука, ниту учителките, ниту родителите коишто не можат да се справат со детето. На тие деца коишто сакаме да ги вклучиме во образованието треба да им обезбедиме услови. Тоа се премногу услови за нашата држава.

Инклузија значи носење на сервисите коишто се потребни за детето со посебни потреби во училиштето, во средината во којашто се наоѓа. А не родителите после училиште да го носат детето по разни видови на терапевти и да плаќаат. Значи, ако детето посетува едно училиште, тогаш тоа за време на целодневната настава треба да му ги овозможи сите потреби: логопед, физиотерапевт, сензорна терапија итн… Се што има потреба. За детето кога ќе си оди дома да може да помине квалитетно време со своето семејство. Не сме подготвени за такво нешто.

ЦИВИЛ МЕДИА: Според вас, кои се главните недостатоци на овој предлог закон и кои се вашите ставови околу тоа што конкретно треба да се преземе за да се подобри ситуацијата?

ТРОШАНСКА: Многу има. Но, треба да почнеме од негде. Јас се радувам што веќе започна тој процес на инклузија, бидејќи тоа значи дека општеството се движи напред. Дека ние како луѓе еволуираме во ова општество. Инклузијата не значи ништо лошо. Напротив, таа значи нешто добро. Ако не почнеме, таа никогаш нема да се случи. Но, сега треба да внимаваме моментот кога оваа инклузија е добра за детето, а кога не е. Значи, не можат сите деца да бидат вклучени. Гледаме и такви изјави дека сите деца мора да бидат вклучени. Некои деца едноставно не можат.

Постојат деца со комбинирани попречености, коишто ако правилно ги процените, ќе сфатите дека тие не можат да се снајдат во средината и училиштето, но тие деца сепак треба да се образуваат, сепак имаат некои свои вештини, свои способности. Значи тие треба да посетуваат некаква средина којашто ќе ги едуцира и ќе ги максимизира нивните способности.

Значи, прво и основно, почна да се прави таа меѓународна класификација на функционалности, за сите деца со попреченост да се проверат функционално. Кога кажувам сите, тоа значи сите! Прво треба децата да се избројат. Ние во Македонија немаме никаква евиденција колку лица со попреченост има и колку од нив се деца. На пример, јас не знам дали Министерството има податоци колку првачиња со посебни потреби ќе се појават во септември. Тоа е неопходно, за да знаеме да ги предвидиме капацитетите. Замислете ако се појават во редовно училиште преголем број на деца, а нема дефектолог. Многу од училиштата имаат само педагог или психолог, некои имаат дефектолог и некои имаат општински дефектолог. Значи немаме кадар. Значи она што е најважно е да се избројат, да се евидентираат и тоа по функционалност, колку деца има и каква попреченост имаат, односно каква потреба имаат.

Во инклузивното општество ние нема да ги гледаме нивните недостатоци, туку кои се нивните јаки страни. И потоа децата се ставаат на соодветно место, во соодветен сетинг на образование. На пример, ако децата можат да се вклучат во редовна средина тогаш тоа да се направи. Голем број од нив денес се вклучени во редовниот образовен систем. Но оние кои не можат да се вклучат, да не се вклучуваат само за да седат по два или три часа. Значи секогаш може да постои опција за отворање на посебни паралелки или унапредување и модернизирање на посебните училишта, како поддршка на редовните.

ЦИВИЛ Медиа: Институтот за специјална едукација и рехабилитација инсистира и на тоа да се почитува правото на родителите во однос на тоа каде ќе го запишат своето дете. Кој е вашиот став?

ТРОШАНСКА: Мислам дека слободно можам да кажам дека родителите денес имаат премногу права и премногу се мешаат во образовниот процес. Родителите имаат права, но имаат и обврски. Сите како родители имаме права и имаме обврски во однос на тие права. Кај нас некако секогаш се гледаат правата, а не се гледаат обврските. Значи, родителот може да избере. На пример, во Велика Британија, родителот може да го избере училиштето коешто ќе го посетува неговото дете, но ако за една година се утврди дека училишната средина не е соодветна за него, дека детето не напредува, тогаш се предложува друг начин на образование. Се предложува посебна паралелка, се предложува посебно училиште.

Доколку родителот инсистира детето да посетува редовно образование, а притоа училиштето не може да му излезе во пресрет, затоа што ќе треба да му обезбеди сервиси за да напредува, тогаш родителот ќе мора да го плати тоа образование. Така функционираат развиените држави.

За да имате редовно училиште во коешто ќе вклучите дете со попреченост треба да имате разни видови на терапевти. На пример, во Краков постои многу модерно инклузивно училиште коешто е под закрила на фудбалскиот клуб Висла – Краков, но тие имаат стручен тим од 17 лица, за разни видови на терапии коишто се наменети за работа со децата додека посетуваат настава. Секоја училница има максимум 20 деца, од нив 5 можат да бидат со попреченост и со две наставнички најмалку.

ЦИВИЛ МЕДИА: Рековте дека сметате дека македонското образование не е подготвено за ваков тип на инклузија, и воопшто дека не верувате во тотална инклузија. Меѓутоа, дали како општество сме спремни за комплетно вклучување на лицата со попреченост во целокупниот општествен живот? Само пред една година ни се случи Тимјаник, и сите видовме како помина сето тоа.

ТРОШАНСКА: Јас се радувам дека нештата се движат напред. Но за да можеме побрзо да одиме напред мора да носиме разумни решенија.

Нашето општество не е комплетно спремно. Сè уште се носат неразумни решенија, па дури луѓето си дозволуваат да навредат некого и да го повредат. Можеби и не мислат така но ние се уште не сме нација којашто знае емотивно да се контролира. Ние се уште имаме неконтролирани емоции и многу лесно избувнуваме и во тие моменти кажуваме се и сешто.

Пред околу 6 години имав можност да одам на обука за инклузивно образование каде што еден од предавачите беше творецот на инклузијата во светот. Значи човекот на којшто му се смееле на времето кога кажувал дека лицата со попреченост треба комплетно да бидат вклучени во општеството. Тој вели дека таа никогаш нема ни да заврши. Затоа што секој пат треба да решавате нови и нови прашања. Секогаш постојат отворени прашања. За да влезете во процесот на инклузија треба тоа да го правите многу постепено. Значи оваа година да решите одредени прашања. Наредната година следни прашања. По неа други и така натаму. Така на тој начин ќе можете постепено да ги вклучувате лицата со попреченост во општеството.

Ние се уште имаме луѓе коишто користат терминологија којашто ги навредува. Имаме луѓе коишто кога ќе видат лица со попреченост на улица го гледаат чудно. На пример, некои му се смеат, некои го гледаат заради тоа што им е тажно, некои сочувствуваат, некои мислат дека тоа е заразно, некои се плашат дека нивното дете може да биде повредено од детето со посебни потреби. Ние се уште немаме доволно информации за сето тоа. Не сме доволно развиени. Меѓутоа, добро е што нештата почнуваат да се случуваат. Но за да се случуваат правилно треба да носиме разумни решенија. Бидејќи во вакви ситуации родителите на децата со посебни потреби и децата со посебни потреби најмногу ќе страдаат, доколку ние погрешиме. Сите ние ќе разговараме, денес ќе се скараме на оваа тема, утре на друга тема. Но таа тема за нив е вечна.

На Запад, целта на образованието е да создава вештини. Овие деца да можат да се вработат. Ние кај нас имаме многу малку лица со посебни потреби коишто се вработени. Еве неодамна се отвори кафетерија во која работат лица со посебни потреби и сите сме многу среќни. Меѓутоа, замислете такви кафетерии да има многу. На пример, на сите работни места каде што можат, да се вклучат лицата со попреченост.

На последната посета во Велика Британија видовме деца, односно младинци коишто биле на интервју за работа. Лице со аутизам коешто не сака да комуницира со никого, работи во сервис за изнајмување на велосипеди. Девојка којашто многу сака животни се вработува во фирма којашто се занимава со тренинг на кучиња. Лице со попреченост коешто прекрасно знае да фотографира работи во некоја компанија за одржување на веб-страници. Тоа кај нив не е ништо чудно. И кога ќе ги прашате што добиваат работодавачите за да вработат лице со попреченост тие велат ништо. Тоа е се емотивно и заради тоа што тие можат да ја работат таа работа. Значи им се дава работа којашто можат да ја работат, не се запишуваат во гимназии.

Значи лицата со посебни потреби се запишуваат генерално во стручни училишта во коишто се развиваат нивните вештини за да бидат конкурентни на пазарот. Додека кај нас имаме случаи каде што ги запишуваат во гимназии и навистина не знам која е целта.

Маја Ивановска
камера: Дехран Муратов
фотографија: Ангела Петровска



Инклузијата меѓу декларативноста и реалноста


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share826Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ