• Latest

Царовска: Идентификувани 167 деца на улица меѓу кои и 18 бебиња

May 15, 2019

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царовска: Идентификувани 167 деца на улица меѓу кои и 18 бебиња

May 15, 2019 14:32
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 167 деца меѓу кои 18 бебиња, се идентификувани на неколку пофреквентни крстосници во Скопје во изминатите две недели од страна на шест мобилни тимови.

Најчесто децата се вклучени во улична работа, вклучително и продавање на мали предмети, чистење на стакла и питачење. Поголемиот дел од нив се без документи и не се вклучени во образовниот процес.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ова се дел од податоците кои што зајакнатите мобилни тимови за постапување со деца на улица на ЦСР Скопје денеска ги презентираа на работен состанок со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс и претставници од Црвен Крст на град Скопје.

„Единствен начин да ги детектираме и да почнеме да ги решаваме проблемите со кои се соочуваат децата на улица е да работиме одблизу со нив и нивните семејства, да им овозможиме континуирана помош и поддршка. Токму затоа, ги јакнеме мобилните тимови на Центарот за социјални работи кои веќе почнаа со мапирањето на најфрекфентните локации каде што има деца коишто питачат. Тие, исто така, ќе им помагаат на полнолетните да најдат работа и ќе ги насочуваат да се вклучат во мерките за доквалификација и прекфалификација кои ги нудиме”, изјави Царовска.

Министерката уште еднаш потсети на важноста на социјалната реформа која сè уште е во собраниска процедура. Со оваа реформа се извлекуваат најранливите од сиромаштија и истата значи за 20 пати поголем опфат на деца во користењето на детскиот и образовниот додаток и намалување на детската сиромаштија, но и овозможување безгрижно детство, детство кое е целосно ослободено од насилство, експлоатација и злоупотреба и вклучување на децата во образовниот процес.

„Првичните наоди од теренските истражувања потврдуваат дека децата на улица често се жртви на повеќе негативни искуства, вклучувајќи физичко и психичко малтретирање и занемарување. Тие ја зајакнуваат потребата од системски решенија, бидејќи многу од овие деца го пропуштаат правото на образование, здравје и заштита“, рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Почнувајќи од следната недела, теренските работници ќе ги посетат домовите на децата што ги идентификувале на улиците и ќе почнат да работат со семејствата.

Проширувањето и зајакнувањето на мобилните тимови со стручен кадар е поддржано од УНИЦЕФ, а се спроведува преку ЦСР Скопје во соработка со Црвен Крст на град Скопје.

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ