• Latest

Царовска: Капиталните инвестиции придонесуваат да останеме стабилни како економија

May 15, 2020

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Царовска: Капиталните инвестиции придонесуваат да останеме стабилни како економија

May 15, 2020 13:34
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Зградата со социјални станови во Неготино треба да биде готова во предвиениот рок од 18 месеци. Во земјав во моментов се градат пет социјални згради во Пробиштип, Скопје-Бутел, Виница и Свети Николе со вкупно 506 станови, а вкупно предвидените средства се над три милиони евра.

Ова го истакнаа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид во градежните работи на зградата во Неготино, а за која изразија задоволство од динамиката на изградбата.

Оваа социјална зграда е прва од ваков тип во оваа општина, ќе биде со капацитет од вкупно 62 стана со површина од 35 и 45 квадратни метри и  ќе биде наменета за 62 семејства од социјален ризик од општина Неготино.

Според него изградбата  е многу важна да продолжи со забрзана динамика не само на оваа зграда, туку за сите капитални проекти,  важна е за целокупната економија за  гредежништво и гранките што ги покрива градежништвото.

„Во овие услови на здравствена криза која силно влијае врз економијата, се трудиме како Влада максимално да ги забрзаме сите проекти, за да се работи на терен, да им се исплаќаат плати на градежниците и на тој начин економијата и градежништвото да ги вратиме на старите патеки со раст“, нагласи министерот. 

Сугарески соопшти дека со силно темпо се одвиват сите капитални проекти во ресорот, во делот на изградба на патиштата, водоводите и канализациите и гасификацијата и додаде дека на сите проекти  максимално се посветува внимание  и ќе се завршуваат во рамките на предвидените рокови.

 „Кога сум кај гасификацијата, ВМРО -ДМПНЕ ме прозва мене и Владата како сме доцнеле со изградба на магистралните гасоводи.  Ќе кажам следно. Ако има проект на кој оваа Влада посветува  толкаво големо внимание,  тоа е гасификацијата на државата.  Со најбрза динамика се градат и двата проекти, без застој, без никакви проблеми. Кога дојдовме на власт затекнавме 0 отсто експропријација и само празни зборови дека нешто граделе. За две и половина години ја завршивме целата експропријација  и оваа година ќе бидат завршени гасоводите од Неготино до Битола и тој од Скопје до Гостивар.  Тоа е начинот на кој ние работиме.  Без празни фоскули како што тие правеа и се уште прават,  без лаги и манипулации, само со работа и работа на терен“, изјави министерот за транспорт и врски.

„Денеска сме во општина Неготино заедно со градоначалникот, министерот за транспорт, директорот на јавното претпријатие се со цел еве и во оваа криза во која што се наоѓа државата да укажеме дека еден сектор во континуитет работи. Тоа е градежниот сектор или капиталните инвестиции постојано течат и тоа ја одржува економијата жива и тоа е многу важно во овој специфичен период за нашата држава, но и за светот. Но, секако дека е важно да се напомене дека оваа капитална инвестиција не само што придонесува во економијата, туку и директно ќе влијае на подобрување на квалитетот или стандардот на живеење на 62 семејства ранливи од општина Неготино и околината, кои во 2021 година ќе може да добијат социјален стан“, истакна Царовска.

Таа оцени дека тоа укажува дека навистина како Влада и како држава се грижат и за најранливите, но исто така паралелно и за економијата.

„Сметам дека капиталните инвестиции навистина придонесуваат да останеме стабилни како економија во овој период и тие  ќе продолжат. На четири локации во државата градиме и уште седум се најавени. Со ова го надминуваме проблемот со вдомување  како основа за квалитетен живот што во минатото да кажеме како држава малку се инвестирало. Директно со вложувањето во социјалното вдомување во обезбедување соодветно вдомување за граѓаните што се најранливи, го менуваме нивото на квалитет на живеење. Не само што социјалниот систем придонесува со финансиска помош, туку обезбедуваме едно катче да секое семејство го добие во нашата држава“, додаде Царовска.

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков рече дека за него лично, но и за општината, од исклучително значење е да им се помогне на најранливните категории на граѓани.

„Сакам да се заблагодарам на ангажманот на Владата на Република Северна Македонија, Министерството  за транспорт и врски како и Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор за овој огромен капитален проект,  со кој ќе го решиме горчливиот проблем на голем број семејства од општина Неготино,  кои во изминатиот период од животот не успеале да имаат соодветни услови за живеење“, нагласи Делков.

Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за републиката, Кристијан Трајковски рече дека очекува до крајот на јуни 2021 да биде готова оваа зграда. Тој очекува реализирање на проект кој се договара со Банката на Советот на Европа за изградба на нови социјални згради кои ќе овозможат кров над глава и на други лица од социјално ранливи категории.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ