„Има кратки интервенции, тоа веќе го направивме со повлекување на некои учебници кои имаа јасна и експлицитна содржина која не е соодветна во образование, но, исто така се подготвува и нов концепт за ученици кој треба да следи заедно со оваа концепција, а тоа е третата фаза за подготовка на материјали кои се уредени со прописи кои укажуваат на кој начин се носат учебниците“, одговори министерката за образование и наука Мила Царовска на прашање на ЦИВИЛ Медиа за тоа дали и на кој начин МОН и БРО планираат да се справат со дел од наставниот и стручниот кадар во училиштата, кои на учениците, посредно или непосредно и на родителите, им пренесуваат содржини со националистички пораки, а кои не се дел од наставните програми.
Царовска истакна дека е важно да се каже дека сега учебниците ќе подлежат на повеќе филтри, авторските права ќе ги има државата или Бирото за развој на образованието кој е надлежен за тоа што е тоа кое влегува во наставата.
„Важно е да се каже дека сега учебниците ќе подлежат на повеќе филтри, авторските права ќе ги има државата или БРО како орган кој е надлежен за тоа што е тоа кое влегува во наставата, но исто така во тие работни групи ќе вклучиме и експерти кои имаат димензија или ги гледаат или препознаваат елементите на дискриминација и стереотипи, сè со цел да помалку од нив или воопшто ги нема во следните наставни материјали. Поради тоа што во минатиот период бевме сведоци на обиди за вклучување на содржини кои даваа поинаква слика или прикажуваа невистини во самите наставни материјали“, истакна Царовска.
Во однос на задолжителните предмети кои спаѓаат во едната група на предмети во новата концепција и зошто нема настава на ромски јазик, Царовска истакна дека создавањето услови и за други наставни јазици или учење на мајчин јазик од одредени групи општество е многу значително и треба да работат тоа да се случи во наредниот период.
А. Петровска
монтажа: Ариан Мехмети