За можните злоупотреби, заплашувања и уцени на социјално загрозени граѓани да гласаат за одредена политичка партија, како што имавме случаи во претходната власт, во однос на закажаните предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 12 април следната година, разговаравме со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која уверува дека нема да има обиди да се принудуваат граѓаните приматели на социјална парична помош, да гласаат против својата војла.
„Граѓаните кои се во социјален ризик треба да се третираат со достоинство, и ние како Влада покажавме со тоа што најголемото покачување на социјалната парична помош, во историјата на Македониjа, се случи на средина на мандат. Тоа значи дека не се обидовме ниту во еден момент да купиме ниту еден граѓанин пред избори, а имавме три изборни циклуси, имавме локални, претседателски избори и референдум, но ние никого не купивме.
Со тоа покажавме дека ја водиме реформата во насока прво да ги согледаме сите елементи, да постапиме законски и тогаш да дадеме големо зголемување, што значи унапредување на кавалитетот на нивното живеење. Воведувањето на кис-менаџмент, значи дека едно лице во Центарот за социјална работа е одговорно за едно семејство. Со тоа ја враќаме доверба кај граѓаните во институцијата дека таа се грижи за нив, дека таа се грижи за тоа семејство, иако влезе во системот на социјална заштита се трудиме да го извлечеме.
Мислам дека тоа граѓаните го гледаат, сите корисници велат ‘не само што ја покачивте социјалната парична помош, туку ми го вративте достоинството’, тоа за мене е голема придобивка во нашето општество. Јас сум сигурна дека сите наредни влади никогаш нема да го поништи, бидејќи граѓаните памтат и ценат.
Јас како министер во оваа техничка влада која што следува, навистина ќе следам, но и целиот мој тим и администрацијата е свесна дека овој нов стандард поставен во социјалната заштита може да се оддржи ако сите ние се бориме за него.
Визбегово беше пример, јас никаде не се појавив освен со еден Фејсбук статус, бидејќи сакав да видам колку далеку можам да стојам од системот и колку може тој сам себе да се заштити, и видов дека тоа е можно. Граѓаните и прогресивните сили кои се во граѓанството и вработените во системот на социјална заштита самостојно се обединија и го заштитија Визбегово од можеби можна ескалација.
Тоа ме радува, и такви системи треба да градиме да бидат одржливи и да останат и по одреден политички мандат“, вели Царовска за ЦИВИЛ Медиа.
Дехран Муратов
камера и фотографија: Aтанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети