• Latest

Царовска: Сите засегнати страни треба да учествуваат на изборите

June 9, 2020
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Царовска: Сите засегнати страни треба да учествуваат на изборите

June 9, 2020 20:02
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сите засегнати страни треба да учествуваат на изборите, а кај нас опозицијата бара да нема функционален парламент, кога сите опозиции во светот го бараат спротивното. Барањето за предвремени избори доаѓаше токму од опозицијата, тие учествуваа во целиот процес и се во техничката и пржинската влада и имаат бројче за изборното ливче што значи дека се учесници во изборите. Искрено се надевам дека ќе донесат одлука за учество на изборите, истакна вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска.

Таа во интервју за Телевизија 24, одговарајќи на прашањето што ќе се случи доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ги бојкотири изборите, рече оти сака да верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите заради тоа што тие се потребни од една страна за државата, за граѓаните, но од друга страна бидејќи тие се оние коишто го иницирале целиот овој процес и е важно да останат на тие позиции и да учествуваат на изборите.

– За конечно да ги имаме сите демократски институции во сила за да можеме да кажеме дека ние сме парламентарна демократија. На овој начин, едноставно цела една институција како што е Парламент,  на којшто се базираме како држава го нема во моментов и затоа сум сигурна дека и тие проценувајќи ги сите овие моменти, а посебно дека и тие ќе бидат на гласачкото ливче дека ќе одлучат да одат на избори, нагласи Царовска.

Вицепремиерката рече дека веднаш по завршување на вонредната состојба, условите за одржување на изборите се по 22 дена, односно на 5 јули. Таа посочи дека се исцпрени сите потреби за продолжување на вонредната состојба.

– Ние полека како држава, како граѓани сите се навикнуваме на новиот начин на живеење. И ако можеме да одиме во маркет, ако можеме да одиме во банка, во ресторан, притоа да се заштитиме себеси  – а тоа е користење на маска, користење на дезинфесиенси,  држење на дистанца тоа укажува дека навистина е сегмент на тоа наше демократско живеење да излеземе на избори и да избереме следен Парламент, а со тоа ќе избереме и политичка влада затоа што тоа е важно за државата и за секој поединец во неа, потенцираше Царовска.

Таа оцени оти не гледа дека пречка, доколку во текот на изборите се одржат сите протоколи коишто здравствените власти ќе ги препорачуваат и секако ДИК ќе ги испочитува и ќе се воспостават како механизми во денот на изборите.

– Секако дека кампањата на поинаков начин ќе се води, со тоа од една страна сме безбедни, а од друга страна одиме на избори. А ако ги одложиме за еден, два или пет месеци како сме сигурни дека во септември или во октомври нема да имаме уште поголема бројка. Никогаш не сме сигурни затоа што гледаме дека тоа  е динамички процес којшто и во другите држави тешко може да предвидат дали или кога ќе се стивне и кога ќе има следен пик. Токму затоа сметам дека е навистина важно да се одржат изборите со почитување на сите протоколи затоа што новото време на живеење предвидува да ние се штитиме себе и тие околу нас, заклучи вицепремиерката.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ