• Latest
Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Царовска: Со новиот закон обезбедуваме учебници во аудио-формат и со Брајово писмо

April 22, 2021

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Со новиот закон обезбедуваме учебници во аудио-формат и со Брајово писмо

April 22, 2021 19:25
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Правото на образование е основно човеково и уставно загарантирано право на секој поединец и тоа мора да му биде овозможено. За актуелната Влада и МОН оваа цел е врвен приоритет и ние сме максимално насочени кон обезбедување целосно инклузивно образование.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на онлајн средбата со здруженијата на родители на деца со атипичен развој што денеска беше организирана со цел да се слушнат размислувањата во однос на образовниот систем и неговата инклузивност, како и во однос на искуствата, предизвиците, проблемите, но и да се предложат можни решенија од страна на родителите за подобрување на образовниот процес во тој дел.

Како што соопшти Министерството за образование и наука,  Царовска осврнувајќи се на новото законско решение за изработка и употреба на учебници истакна дека за да бидат учебниците и другите наставни и дидактички материјали достапни за учениците со попреченост, нивната електронска форма треба да ги задоволи стандардите за е-пристапност.

-Во новиот Закон за учебници обрнуваме посебно внимание на пристапноста и достапноста на наставниот материјал. За учениците во основното образование учебниците задолжително ќе се поставуваат и во аудио формат на интернет платформата, додека за учениците со оштетен вид, Министерството за образование и наука ќе обезбедува учебници испечатени со Брајово писмо. Со поддршка на УНДП во тек е подготовка на читач за екрани на македонски и албански јазик, кој треба да биде готов до септември 2021 година, посочи Царовска.

Советникот во МОН задолжен за следење и унапредување на процесот на инклузија, Душан Томшиќ истакна дека Министерството првпат системски ја воведува услугата образовна асистенција како еден од предусловите за обезбедување инклузивно образование. Образовната асистенција ќе се испорачува согласно Законот за основно образование, ќе се финансира од Буџетот, односно преку Буџетот на МОН за 2021 година, за што се обезбедени финансиски средства во висина од 59 милиони денари.

Информираше и дека во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во мај почнуваат обуките на кадарот во посебните училишта, односно тренинг за тренери за образовни асистенти, кои понатаму треба да ја спроведат обуката на образовните асистенти кои ќе бидат селектирани. Во наредниот период ќе се одржат и обуки за наставниците во чии паралелки ќе бидат вклучени овие ученици.

-На состанокот беше посочено и дека согласно новиот Закон за основно образование, специјалните училишта, односно училиштата во кои се воспитуваат и образуваат ученици со попреченост добиваат и дополнителна дејност, односно се трансформираат во Ресурсни центри со што ќе се овозможи мобилност на веќе постоечкиот искусен кадар да дава поддршка на инклузираните ученици, како и на инклузивните тимови во редовните училишта, стои во соопштението.

Оваа година обезбедувањето на пристапноста е задолжителен услов кој треба да се исполни за добивање на финансиски средства за адаптација, реновирање или изградба на училиште со средства од МОН. Дополнително на ова, во тек е реализација на Проект за непречен пристап во 14 образовни институции низ државата – шест основни училишта, четири средни и четири факултети преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 – EU for inclusion за кој е подготвена техничката документација (проекти за адаптација). Од МОН очекуваат градежните активности да почнат во јуни/јули 2021.

Родителите на децата со атипичен развој, како што се наведува, искажаа задоволство од новиот пристап на Министерството кон потребите на нивните деца, како темелна промена кон подобра инклузија во образовниот систем.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ