• Latest
Мила Царовска

Царовска: Треба да создадеме услови да ги вратиме младите и доколку излезат од државата

January 17, 2020
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царовска: Треба да создадеме услови да ги вратиме младите и доколку излезат од државата

January 17, 2020 13:21
in ВЕСТИ
Мила Царовска

Мила Царовска

Share on FacebookShare on Twitter

За заминувањето на младите од државата не е пресуден само животниот стандард, туку и целосниот квалитет на живеење. Треба да создадеме услови да ги вратиме младите и доколку излезат од државата и тука да ги создаваат своите семејства, порача вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

-Се обидуваме да ги подобриме условите за живот. Не само што растат платите, туку се подобруваат и условите за работа и демократските односи во државата. Тенденцијата на постојано инвестирање и создавање на услови за раст на луѓето и почитување на односите помеѓу институциите и односите меѓу луѓето и институциите ќе продложи. Сепак, глобално движење на населението се случува и не е проблем  само на нашата држава, бидејќи секогаш постои предизвик кај младите лица да одат и да научат нешто плус, па потоа да се вратат во споствената држава. Ние само треба да создадеме услови младите да се вратат дома и тука да ги формираат своите семејства, посочи Царовска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Таа нагласи дека многу од државите тоа веќе го покажале како систем и механизам на враќање назад по влезот во НАТО и Европската Унија.

-Не можете да спречите ни едно младо лице да има интенции или порив да види што се случува во западниот свет. Но, ако оваа држава создаде овде услови кои се потребни, а тоа е да создадеме квалитет на живеење, сигурна сум дека младите лица после тоа ќе останат тука, рече Царовска и додаде дека е против идеите за врзување на младите лица со договори да останат во државата доколку се вложени средства во нив и се обучени за некакви вештини.

Тоа, како што рече, е против уставно и значи ограничување на слободата на движење.

-Сметам дека секоја инвестиција во секој човек што ја прави државата, никогаш не може да биде на нејзина штета и на добробит. Токму затоа мерките за активно вработување дадоа зголемен број на вработувања зашто се адаптирани согласно потребите на младите лица и се креирани во соработка со бизнис секторот, рече Царовска.

За објавените огласи за вработување во јавните институции рече дека треба да се сме свесни дека секоја институција за да работи мора да има одреден број на вработени и додаде дека прво треба да се направи пресметка колкав бил бројот на вработени во 2019 година и колку се бара со огласите за вработување, бидејќи, како што рече, можат да течат огласи за продолжување на опрделени вработувања кои претходно биле поставени во друга форма.

За најавите од коморите за потреба од увоз на работна сила за дефицитарните работни места, вицепремиерката посочи дека треба прво да се направат анализи кои ќе покажат колкав потенцијал постои во државата за кои профили и со тоа да се излезе на пазарот на трудот.

-Сметам дека се уште во држават има човечки потенцијал кој не е искористен и не е ставен во функција. Првиот чекор е пасивните да ги направиме активни чинители во економијата, а понатаму е важно да се дискутира со сите засегнати страни за да се направи анализа дали има потреба да се донесе однадвор ако навистина посотои недостаток на одреден профил, потенцира Царовска.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ