• Latest

Центар за дијабетес отворен во Општата болница во Велес

June 8, 2018
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Поранешен австралиски политичар осуден на повеќе од пет години затвор за сексуални злосторства

October 31, 2025

Притвор за тетовец кој се заканувал со убиство на жена и партиски функционери на Фејсбук

October 31, 2025

Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни

October 31, 2025
Фото; Скриншот од видео

Украинската Курска група на сили сè уште држи позиции на руска територија

October 31, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Протести во Дар ес Салам по хаотичните избори во Танзанија, полицијата употреби солзавец и истрели, има убиени

October 31, 2025

Национализам, етнички тензии и популизам: Етничката карта ја обои трката пред вториот круг

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Центар за дијабетес отворен во Општата болница во Велес

June 8, 2018 13:09
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Центар за дијабетес беше отворен денеска во ЈЗУ Општа болница во Велес, во целосно реновиран дел од Инфективното одделение кој бил користен како магацински простор.  Центарот е опремен со инвентар од Новонордиск – партнер на велешката болницата во лекување на болните од дијабетес. 

Воедно со грант од 47 илјади евра од Европската унија ќе се набави и најсовремена апаратура за дијагностика и третман на пациентите со оваа болест кои се околу шест илјади  во поширокиот велешки регион .

На настанот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче со својот тим и се сретна и разговараше со д-р Митко Стровјанов, директор на ЈЗУ Општа болница-Велес и медицинскиот тим, вработените, како и со Димче Велев, претставник на Здружението на граѓани болни од дијабетес „Лолипоп шеќерче“

Филипче истакна дека Министерството за здравство е целосно посветено кон подобрување на условите за лекување на пациентите со оваа болест и на сите други пацинети.

– Пристапивме и при крај сме со промена на регулативата за увоз на лекови и ги менуваме тендерските постапки на начин на којшто цената на лековите на сакаме да биде по истиот критериум, туку сакаме тоа да го регулираме со тоа што ќе обезбедиме и доволни количини на лекови. Со тоа понатаму ќе нема никаков ризик од  кој било момент од траење на тендерската постапка за да обезбедиме квалитетни инсулини кои ќе бидат најдобри за пациентите, изјави Филипче за медиумите.

Директорот на болницата, д-р Митко Стровјанов, посочи дека новоотворениот Центар ќе има големо значење за пациентите со шеќерна болест.

– Големо беше залагањето на вработените во болницата да го уредат овој магацински простор во центар за дијабетес. Мораше прво да се исчисти, па да влезе техничката служба да го подготви просторот, а од Новонордиск – нашиот партнер во лекувањето и третманот на овие болни, се потрудија за набавка на инвентар. Со донацијата грант од ЕУ кој ќе следи во вредност од 47 илјади евра ќе се набави најсовремена апаратура, додаде Стровјанов.

Во изјава за медиумите тој во оваа пригода истакна дека по доаѓање на функцијата директор наишол на ситуација која, како што рече, не била за фалење и затекнал руиниран здравствен систем.

– Ни беше многу тешко, но веќе се гледаат резултатите од поинаквиот начин на работа. Во следниот период тие резултати ќе си дојдат сами по себе, пред се во финансиското работење на нашата болница, кое е подобрено. Од долгот од 66 милиони денари, вратени се над 20 милиони, а тоа го среди Министерството за здравство и Фондот. Јас се надевам на нов инвестициски бран за набавка на нова дијагностичка апаратура и апаратура за третман, за што ќе добиеме поддршка од Министерството за здравство, нешто и со наши средства, и дел од Фондот, додаде  директорот на Општата болница во Велес.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Европска УнијаЈЗУ Општа болница ВелесОпштина ВелесЦентар за дијабетес
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ