Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп спроведува истражување во 10 општини во нашата држава во кое се интервјуирани 500 граѓани. Истражувањето се спроведува во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, финансиран од ifa/Zivik.
Целта на ова истражување е, преку утврдената методологија, да се направи проценка на капацитетот на граѓаните за нивното познавање на документите за граѓанско учество во одлучувањето, нивната мотивација за вклученост во демократскиот процес и перцепцијата на објективноста на медиумите во известувањето. Резултатите од анализа се основа за подготовка на Водич за политичко учество, што го спроведува тимот на ЦГИ во соработка со релевантни експерти.
Целта на овој Водич е да ја зајакне јавната свест и знаењата за политичкото учество на граѓаните. Водичот претставува обука со правци и идеи за алтернативни форми на учество. Резултатите од истражувањето и водичот ќе бидат промовирани наесен, на средби низ општините, каде што ќе се реализираат активностите од овој проект, а Водичот ќе биде достапен и на веб страната на Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп.