• Latest

ЦИВИЛ: Ако се неизбежни, предвремените избори треба да се одржат во декември, „пржинска“ влада е апсурдна опција

October 22, 2019

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ЦИВИЛ: Ако се неизбежни, предвремените избори треба да се одржат во декември, „пржинска“ влада е апсурдна опција

October 22, 2019 17:17
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дали се потребни предвремени парламентарни избори? Дали „брзи избори“ значат чекање од половина година? Со кои проблеми се соочува изборниот систем? Имаат ли институциите капацитет да спроведат квалитетен изборен процес, со максимално почитување на правото на глас? Има ли време да се направат измени во Изборниот законик со кои ќе се подобри изборниот процес? Кои се основните прашања во врска со финансирањето на политичките партии во изборен контекст? Колку е оправдана „Пржинска“ влада во овие услови?, беа прашањата што на денешната прес конференција за одлуката за предвремени парламентарни избори ЦИВИЛ даде одговор.

„ЦИВИЛ бара од институциите и од политичките центри на моќ да ја преиспитаат својата одлука да се оди на избори на 12 април и изборите да се спроведат најдоцна во јануари, а по можност и во декември. Тоа се брзи предвремени избори, а не април 2020 година“, рече Дерала.

Како што истакна Дерала, предвремените збори во овој момент ќе предизвикаат сериозни забавувања дури и стопирање на важни процеси, процеси на реформи без оглед на тоа дали некој во земјата смета дека тие се успешни или не.

„Ќе ги имаме истите проблеми , што ги имавме во сите изминати изборни процеси. ќе имаме сериозни проблеми во доменот на трошењето на јавни пари. Политичкото финансирање ќе биде такво какво што било и до сега со простор за многу матни зделки. Не преудицирам дека тие тоа ќе го прават, но Иборниот законик до извесна мерка тоа го дозволува. Да не зборуваме дека имаме индиции од претходните циклуси дека црните пари се во оптек во текот на изборите… Со ваков Изборен законик се спровеле изборни процеси, па дури и такви што ние самите сме ги окаратеризирале како слободни избори, бидејќи не се работи само за законска рамка, туку и за политичка волја. “, одговори Дерала на новинарско прашање, што доколку нема измени во Изборниот законик, за кои не постои ниту политичка волја.

На прашањето за што всушност се согласија лидерите на поголемите политички партии, кога го одредија датумот за избори, во време кога се очекуваше да се спроведе пописот на населението, Дерала истакна дека согласност се даде на опозицијата, која  покрај поздравот за одговорноста на премиерот Заев, сигурно имале лоши аргументи зошто изборите би требало да бидат во април.

„ЦИВИЛ веќе алармираше дека ситуацијата со ААВМУ е алармантна и Законот за медиуми треба да итно да се донесе. Веруваме дека медиумите ќе се најдат во многу тешка ситуација доколку не се одблокираат процесите. Во право сте, овие промени добро е да бидат дел од пржинскиот процес. Сепак, Пржинска влада од искуство, во тие 40 дена колку што беше СДСМ на власт, беше тажно, некогаш смешно, да се гледа“, одговори Дерала на прашањето како медиумите без измени во законот, проблемот со ААВМУ, МРТВ, ќе ги поминат изборите и дали сите овие промени треба да бидат дел од Пржинскиот процес.

Б. Јордановска
Камера: Атанас Петровски и Ариан Мехмети
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Кирил Михаилов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ