Во избирачкото место број 2909 во ОУ „Живко Брајковски“, Општина Бутел, двајца го фотографирале гласачкото ливче. Едниот од тие што го фотографирале листот бил приведен, откако гласањето било прекинато. Во вториот случај, иако бил забележан од страна на Избирачкиот одбор, немало никаква реакција.
Во ОУ „Малина Поп Иванова“, Кочани, на избирачко место 0856, активист на една политичка партија, воедно и член на ДИК, попладнево беше приведен за агитирање, но околу 18:30 минути повторно се врати на истото избирачко место и надвор, зад училиштето, продолжува да се бави со некаков список.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ го документира овој случај и ќе го објави по завршување на изборниот молк.