ЦИВИЛ ги достави барањата до Собранието на Република Северна Македонија за укинување на привилегиите на функционерите.
Почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, сите повластици мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за социјална држава, каква што е РСМ според Уставот.
Пред поднесување на барањата, ЦИВИЛ одржа прес конференција пред Собранието на РСМ, на која ја информираше јавноста за какив барања станува збор и кои се очекувањата на организацијата од пратеничкиот дом.
Во текот на денешниот ден ЦИВИЛ уште еднаш ќе ги објават барањата за намалување на привилегиите на функционерите за конечно ставање крај на расипништвото.