• Latest

ЦИВИЛ и локалните заедници во борба против насилниот екстремизам

November 26, 2018

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026

Хоџиќ и Андонов: Изборите во Србија може да ја променат политичката слика на Западен Балкан

October 25, 2026

Референдумска атмосфера во Србија, речиси 20 отсто излезност до 10 часот, долги редици и во Њујорк (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ и локалните заедници во борба против насилниот екстремизам

November 26, 2018 15:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје, цели кон воведување конкретни и ефикасни мултидисциплинарни пристапи, придонес кон мобилизација, образование и зајакнување на заедниците на локално ниво, кон меѓусекторски партнерства и соработка меѓу структурите кои донесуваат одлуки и релевантните чинители на локално и национално ниво, за да се развијат и имплементираат ефикасни акциони планови за борба против насилниот екстремизам, радикализацијата и тероризмот. 

Битен сегмент во процесот се идентификација на факторите за радикализација на индивидуи и групи, разбирање и препознавање на потенцијалите за насилен екстремизам, промоција на ненасилни начини на критика и протест, како и помош во создавање и спроведување на локални и национални планови против насилниот екстремизам.

По успешните работни средби во Чаир, Гази Баба и Велес, како успешната работна средба со претставници на Министерството за внатрешни работи, како продолжување на соработката и партерството согласно потпишаниот Меморандум во мај годинава, на ред се формирање на работни средби во Куманово, Тетово и Струга.

На кумановската работна средба што ќе се одржи на 29 ноември, 2018 ќе ѝ претходи потпишување на Меморандум за соработка во борбата против насилниот екстремизам меѓу Општина Куманово и ЦИВИЛ. Градночалникот на Куманово, Максим Димитриевски, заедно со претставниците на училиштата, полицијата, граѓанските организации и експерти во во областа на екстремизмот, а во заедничка комуникација со тимот на ЦИВИЛ, ќе имаат можност да придонесат со конкретни мерки и решенија за превенција.

Во Велес на 30 ноември, со почеток во 10 часот, градоначалникот Аце Коцевски и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, ќе потпишат, исто така, Меморандум за соработка во борба против насилниот екстремизам, о што ќе следи формирање на работна група што во следниот преиод ќе работи на конкретни активности и организирање на јавен настан во Велес за превенција, разбирање и препознавање на насилниот екстремизам.

На почеток на декември вакви средби се предвидени во Чаир, Тетово и Струга, како и формирање на работна група и потпишување на Меморандум за соработка во Гази Баба.

Како дел од проектните активности, во овој период ЦИВИЛ оствари и повеќе средби со преставници на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот.

Б. Јордановска

 

Tags: активностилокални заедницинасилен екстремизамЦивил
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ