Цивил организира панел дискусија на тема „Слонот во собата“, посветена на дезинформациите и пропагандата, в четврток, 21 јули, со почеток во 13 часот. Акцентот на дискусијата ќе биде ставен на руското влијание во земјата. Во тој контекст, учесниците ќе ги коментираат и неодамнешните протести против европскиот предлог за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Ова е најново издание од серијата јавни настани под заеднички наслов „Зад димната завеса“. Настанот ќе се емитува во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутуб.
Учесници на панелот ќе бидат Зоран Иванов (водител), Александар Николиќ Писарев, Љубомир Костовски, Дехран Муратов и Џабир Дерала.
Панел дискусијата е дел од проектот „Зад димната завеса“ со кој ЦИВИЛ спроведува медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата. Проектот се фокусира на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за нашата земја.
ЦИВИЛ Тим за комуникации