• Latest

ЦИВИЛ нотира голем број случаи на кршење на изборниот молк и говор на омраза на социјалните мрежи

October 30, 2021

Белгија: Заемот од ЕУ за репарација за Украина „никогаш нема да се реализира“

September 27, 2025

Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска

September 27, 2025

Планот на Трамп за Појасот Газа содржи 21 точка

September 27, 2025
Фото: yenisafak.com/

Палестинската самоуправа ќе добие помош од 170 милиони долари

September 27, 2025
Фотографија: ВИ

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Надградбата на граничниот премин Евзони ќе ги намали гужвите, но воведувањето на ЕЕС системот може да го отежне функционирањето

September 27, 2025
Фото: НАТО

НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација

September 27, 2025
Фотографија: Unsplash

Обединети нации: Нови санкции за Иран поради неуспешните преговори за нуклеарната програма

September 27, 2025

ЦИВИЛ е дел од настан за демократија и човекови права во Рим

September 27, 2025

Кијив Индепендент: Русија ѝ помага на Кина да се подготви за војна со Тајван

September 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ нотира голем број случаи на кршење на изборниот молк и говор на омраза на социјалните мрежи

Извештај од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ, обработени извештаи до 16 часот

October 30, 2021 19:36
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ соопштува дека е во постојан контакт со граѓанките и граѓаните од кои пристигнуваат голем број телефонски повици и пораки поврзани со изборниот процес. На секое прашање одговараат искусни набљудувачи или правни експерти, а пријавите на нерегуларностите се обработуваат и стануваат дел од мониторингот на организацијата. И на овие избори, ЦИВИЛ е дел од тоа што се нарекува граѓанско набљудување во вистинска смисла на зборот и повеќепати ја изрази својата јавна благодарност за поддршката и довербата.

КРШЕЊЕ НА ИЗБОРНИОТ МОЛК

Мониторинг тимовите на ЦИВИЛ го набљудуваат изборниот молк кој настапи на полноќ меѓу петок и сабота, 29 и 30 октомври. Од обработените извештаи од теренот до 16 часот (30 октомври), се издвојуваат неколку случаи. Бројот на случаи на кршење на изборниот молк е далеку поголем. Повеќе детали ќе бидат соопштени на прес конференцијата в недела, 31 октомври, со почеток во 10 часот.

Охрид, интернет портал

Ноќта во петок кон сабота, на 30 октомври 2021, во првата минута по почеток на изборниот молк, еден интернет портал го прекрши изборниот молк, спротивно на Изборниот законик, известувајќи во живо на социјалните мрежи и на веб страницата за наводни активности за предизборен поткуп во Охрид.

Во јавувањето во живо, две лица што објавуваат содржини за неколку традиционални и онлајн медиуми, посочија припадници на една политичка партија како организатори на наводен поткуп. Иако партијата не беше директно именувана, двете лица зборуваа за нејзините партиски бои и направија опис со јасен опис со што го открија идентитетот на посочената политичка партија. Тоа претставува прекршување на правилата за медиумско известување за време на предизборниот молк и кршење на Член 76-Б од Изборниот законик.

Кршење на изборниот молк се бележи и од неколку други интернет медиуми кои објавуваат имиња на политички партии или кандидати, односно фото и видео содржини во кои е очигледно за која партија или кандидат се работи.

Тоа е спротивно на Член 76-Б од Изборниот законик.

Капиштец, Скопје

Околу 1 час по полноќ, мониторинг тимовите на ЦИВИЛ утврдија кршење на изборниот молк на повеќе места низ скопската населба Капиштец. На вратите во голем број станови во станбените блокови низ населбата беа закачени флаери со пропагандна содржина во изборен контекст.

Мониторингот на ЦИВИЛ поседува фотографии и сведоштва од граѓанки и граѓани кои потврдуваат дека се работи за кршење на изборниот молк, еден час по неговото стапување во сила.

Социјални мрежи

Одредени политички партии го кршат изборниот молк и на тој начин што дел од Фејсбук страниците и профилите кои се под нивна контрола вршат пропаганда. Иако се работи за социјални мрежи кои не подлежат под строгите законски одредби и се работи за Фејсбук страници кои не се официјално под нивна надлежност, јасно е дека се работи за пропаганда во изборен молк.

ГОВОР НА ОМРАЗАТА

За време на изборниот молк, на социјалните мрежи се бележат случаи на говор на омразата насочен кон одредени политички ентитети. Анализата на ЦИВИЛ покажува дека се работи за поддржувачи и членови на одредени политички партии кои организирано објавуваат пораки и коментари со говор на омразата против политичките неистомисленици. Дел од пораките на социјалните мрежи содржат и повици на насилство.

Мониторингот бележи и еден случај на порака со вулгарни навреди и говор на омразата против претставник на ЦИВИЛ, во објава на Фејсбук страница која е позната како креатор на дезинформации и говор на омразата.

Но нападите од оваа Фејсбук страница врз ЦИВИЛ не престанаа таму.

Во подолга објава на една Фејсбук страница, позната по говорот на омразата и дезинформациите и која отворено води црна кампања во корист на одредена политичка партија, се изнесуваат ноторни невистини, манипулации, навредлив говор на етничка основа, говор на омраза против претставниците на организацијата и закани против нејзините набљудувачи.

Целта на овој крајно нечовечен атак врз една граѓанска организација за човекови права е да се изврши притисок врз организацијата и нејзините членови и да се попречи нејзината работа, како и да се нанесе штета врз угледот и довербата која организацијата ја ужива во јавноста во земјава и во светот.

ПОВРЕДА НА ТАЈНОСТА НА ГЛАСАЊЕТО

Набљудувачите на ЦИВИЛ јавуваат за еден случај на повреда на тајноста на гласањето во општина во источниот дел од земјата.

На гласачот, лице пријавено за гласање в сабота, 30 октомври, му било дадено гласачкото ливче, но не му е дозволено да гласа тајно, под образложение дека „можеби ќе го фотографира ливчето“. Му било дозволено да гласа на влезот од домот на начин што членот на избирачкиот одбор имал целосен увид на тоа како гласал граѓанинот.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ ВО ЦИВИЛ?

Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.

Пријавите може да поднесуваат на веб страницата slobodniizbori.info или во Граѓанската пријава која лесно се наоѓа и со клик на банерот Стоп за лажните вести и говорот на омразата на интернет порталот civilmedia.mk.

Исто така, може да се пријавуваат нерегуларности по електронска пошта (monitoring.civil@gmai.com), во порака на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ или на телефоните: 02 / 5209 176 (в недела, од 7 наутро) и 070 699 580 (сабота, 30 октомври, од 12:30 часот напладне).

ПРИЈАВУВАЊЕ ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ ВО ЦИВИЛ

Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.

Пријавите може да поднесуваат на веб страницата slobodniizbori.info или во Граѓанската пријава која лесно се наоѓа и со клик на банерот Стоп за лажните вести и говорот на омразата на интернет порталот civilmedia.mk.

Исто така, може да се пријавуваат нерегуларности по електронска пошта (monitoring.civil@gmail.com), во порака на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ или на двете телефонски линии: 02 / 5209 176 (в недела, од 7 наутро) и 070 699 580 (сабота, 30 октомври, од 12:30 часот напладне).

Информациите што се испраќаат на ЦИВИЛ треба да бидат точни и веродостојни, со сите потребни податоци. Фотографии и аудио/видео снимки што се добиени по незаконски пат – не се прифаќаат.

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ И КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА

ЦИВИЛ на изборниот ден во вториот изборен круг, недела, 31 октомври, најави емитување програма во живо, со пет изданија на Изборен рапорт во текот на денот и тоа во 10, 12, 15, 17 и во 19:01 часот (веднаш по затворањето на избирачките места. Во изданието од 17 часот се предвидува вклучување на дел од долгорочните изборни набљудувачи од теренот.

На првата прес конференција на ЦИВИЛ, во 10 часот, ќе биде објавен извештајот од мониторингот на изборниот молк во земјата.

Сите прес конференции ќе се емитуваат во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ. Доколку има потреба или по барање од медиумите, ќе се одржат и вонредни вклучувања во живо од прес студиото на ЦИВИЛ. На располагање на новинарките и новинарите ќе бидат и линкови за вклучување преку платформата Зум.

Со стриктно почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, ЦИВИЛ ќе биде отворен и за физичко присуство на новинарските екипи (максимум три во исто време). Прес центарот на ЦИВИЛ е во Бизнис центарот „Палома Бјанка“ и ќе започне со работа во 9 часот, со подготовка на првата прес конференција веќе во 10 часот.

ЦИВИЛ НА ТЕРЕН СО РЕЧИСИ 300 МОБИЛНИ НАБЉУДУВАЧИ

На терен, ЦИВИЛ ќе биде присутен со речиси триста мобилни набљудувачи, а во текот на целиот ден, почнувајќи од 6 наутро, па сѐ до полноќ, ќе бидат отворени канцелариите во кои ќе работат 30 луѓе во четири тимови: координација на мониторингот, примање и обработка на извештаите од набљудувачите, аналитика и односи со јавноста.

ЦИВИЛ тим за комуникации со јавноста

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Војвотката од Јорк, Сара Фергусон отстранета од три добротворни организации поради е-пошта во која го нарекува Епштајн нејзин „врховен пријател“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ