Categories

МОНИТОРИНГ ЦИВИЛ потсетува: Изборниот молк почнува на полноќ!

ЦИВИЛ ги потсетува политичките партии дека изборниот молк почнува на полноќ. Сите инволвирани во изборниот процес имаат време до полноќ за последно претставување на своите кандидати за претседател на Република Северна Македонија.

Изборната кампања завршува, а од полноќ медиумите и сите учесници во изборниот процес, заклучно со 19 часот во недела, 21 април престануваат со секаков вид на ширење информации, фотографии и друг вид на аудиовизуелни материјали поврзани со учесниците во изборниот процес.

Тоа подразбира дека ширење на пропаганда, партиско агитирање, водење кампања и други прекршувања на Изборниот законик се строго забранети.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријават за секое кршење на изборниот молк на телефонскиот број 02 / 5209 176, на мејл: [email protected] или на веб страницата Слободни избори.

Како и секогаш, ЦИВИЛ ќе биде отворен во текот на викендот, а в недела ќе отвори и прес центар, во клубот Менада, Стара Чаршија, како што е најавено во претходното соопштение.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Print Friendly, PDF & Email