Американскиот претседател Доналд Трамп сé повеќе ја притиска ЕУ да се откаже од купување руска нафта и гас.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк изјави дека Трамп е во право и дека тие работат на тоа Европа да престане да купува нафта од Русија до крајот на годината.
ЦИВИЛ Медиа претходно објави дека Германија и Франција предлагаат ЕУ да ја стави на црната листа приватната руска нафтена компанија Лукоил и нејзината трговска подружница Литаско, која пак е сопственик на Лукоил Македонија ДОО, кој располага со ланец бензински пумпи во СевернаМакедонија.
Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, сметајќи дека ова прашање е од голема важност за социјално-економскте движења во земјата, на 9 септември преку електронска пошта се обрати до Лукоил Македонија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР НТ) на Северна Македонија со истото прашање:
Дали се запознаени со иницијативата на Германија и Франција за ставање на црната листа на приватната нафтена компанија Лукоил и нејзината трговска подружница Литаско, како дел од идниот 19-ти пакет санкции кон Москва, и какви последици би имало евентуалното прифаќање на иницијативата врз работењето на подружницата на Лукоил во земјаваи со самото тоа врз економијата на Северна Македонија?
17 дена подоцна, до редакцијата сé уште нема пристигнато одговори на поставеното прашање од ниту еден од субјектите до кои се обративме.
Д. Мишев