По информацијата дека Германија и Франција предлагаат да ја стават на црната листа приватната руска нафтена компанија Лукоил и нејзината трговска подружница Литаско, која пак е сопственик на Лукоил Македонија ДОО, кој располага со ланец бензински пумпи во СевернаМакедонија, редакцијата на ЦИВИЛ Медиа преку електронска пошта се обрати до Лукоил Македонија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР НТ) и до Министерството за економија на Северна Македонија со истото прашање:
Дали се запознаени со иницијативата на Германија и Франција за ставање на црната листа на приватната нафтена компанија Лукоил и нејзината трговска подружница Литаско, како дел од идниот 19-ти пакет санкции кон Москва, и какви последици би имало евентуалното прифаќање на иницијативата врз работењето на подружницата на Лукоил во земјаваи со самото тоа врз економијата на Северна Македонија?
И по два дена, до редакцијата сé уште нема пристигнато одговори на поставеното прашање од ниту еден од субјектите до кои се обративме.
Д. Мишев