На вчерашната прес-конференција на ЦИВИЛ, медиумите имаа низа прашања поврзани, не само со мониторирањето на ЦИВИЛ за престојните предвремени парламентарни избори, туку и оценка, став на организацијата за моменталната состојба со изборниот процес.
„Што се однесува до датумот на избори, 5 јули, е подобар за гласање, во спротивно 8 јули, како датум за избори, ќе треба да биде неработен ден. Што ќе се случи со 7 јули? Што се однесува до мониторингот на ЦИВИЛ, а верувам и на други организации што се занимаваат со изборен мониторинг, се разбира и за меѓународните мисии, нема да биде проблем одложувањето од три дена. Меѓутоа што со економијата? Правиме еден,, односно два, дополнително неработни денови. Исто така, создаваме непотребно одложување на изборите, нешто што веќе повеќе пати беше одложено“, изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ, на новинарско прашање што мисли за кој е идеален датум за одржување на изборите.
На прашањето како ќе се одрази на демократијата отсуството на политички договор за изборите, Дерала смета дека ваквото однесување на политичките елити во земјата ќе придонесе кон многу тешки последици и тоа не само на економиијата туку и на еден дел од политичарите.
„Избирачкиот список е сериозен недостаток на целиот изборен процес, воопшто на изборниот систем. Не се донесени докрај сериозни, модерни решенија или не се спроведени. Ваков каков што Изборниот законик, обезбедува правото на глас на секој граѓанин што ќе се појави на гласачките места да биде исполнето и испочитувано. Постојат начини, сега, под притисок на ЦИВИЛ во изминатите изборни циклуси, преку ОИК да го исполнат своето право на глас“, изјави Дерала во врска со состојбата на Избирачкиот список.
Б. Ј.
камера Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети












