• Latest

ЦИВИЛ со богати есенски активности продолжува со промовирање на зелените вредности

October 3, 2020
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ со богати есенски активности продолжува со промовирање на зелените вредности

October 3, 2020 11:31
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓу мноштвото активности на организациско ниво и на теренот во изминатите неколку месеци, ЦИВИЛ продолжува со исполнување на густата агенда и со почетокот на есента.

ЦИВИЛ одржа работилници и инфо штандови проследени со анкети меѓу граѓанките и граѓаните  во општина Гостивар, Штип, Велес, Гевгелија и Скопје, како дел од проектот „Зелените доаѓаат“ со поддршка од Фондацијата Хајнрих Бел од Германија, со регионално седиште во Сараево ( БиХ).

Зелениот караван на ЦИВИЛ е дел од проектот „Зелените доаѓаат“, и   е посветен на промоција и јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. Социјалната правда и антинационализмот се дел од европските и зелените вредности кои ЦИВИЛ ги застапува во текот на своето 20-годишно постоење, а во изминатите неколку години и во партнерство со Фондацијата.

Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.

На првиот ден од Зелениот караван на ЦИВИЛ, што тргна од Плоштад слобода во Скопје, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и се обрати на јавноста и поддржувачите на организацијата со пораки за зелените вредности.

https://www.facebook.com/324459714339171/videos/723530938230830

Граѓанките и граѓаните, медиуимите и сите заинтересирани лица кои ги посетија инфо штандовите на Зелениот караван на ЦИВИЛ во Тетово и Гостивар имаа можност да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ на тема зелени вредности, социјална правда и антинационализам.

https://civilmedia.mk/glasno-za-zeleno-vo-tetovo-i-gostivar/

ЦИВИЛ организираше работилница во рамки на Зелениот караван посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, на отворено во Гостивар.

https://civilmedia.mk/zelen-tsivil-rabotilnitsa-vo-gostivar-za-zeleni-vrednosti-eko-mozhnosti-sotsijalna-pravda-i-antinatsionalizam/

На работилницата градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, претставници на општината и на Советот, како и претставници на граѓанското општество имаа можност да ги разменат своите ставови со тимот на ЦИВИЛ. Проектот го презентираше Џабир Дерала, кој воедно ја истакна важноста на граѓанското учество и на носителите на одлуки во заедничка соработка на промоција и негување на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

https://civilmedia.mk/taravari-da-posvetime-poveke-vnimanie-na-aktivnostite-shto-i-pomagaat-na-zhivotnata-sredina/

ЦИВИЛ организираше работилница „Зелените доаѓаат“ како дел  од  Зелениот караван посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, во просториите на Општина Штип.

На работилницата присуствуваа претставници на општината и на Советот, како и претставници на граѓанското општество и медиумите. Главните теми и цели на Зелен ЦИВИЛ ги поттикнаа присутните да развијат дискусија за главните активности што се преземаат во промоција и негување на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот,  но ги споделија и главните проблеми со кои на локално ниво се соочуваат граѓанките и граѓаните на Штип во однос на комуналната хигиена, работничките права, едукацијата и јакнење на јавната свест.

https://civilmedia.mk/zelenite-doagaat-vo-shtip-preku-edukatsija-do-jaknene-na-javnata-svest-za-zelenite-vrednosti-sotsijalnata-pravda-i-antinatsionalizmot/

Зелениот караван на ЦИВИЛ продолжи во Гевгелија, каде што одржа работилница работилница во малата сала на Народниот театар во Гевгелија (Дом на култура).

Модераторка на работилницата беше Биљана Јордановска од ЦИВИЛ, а со свое излагање за проектот ќе се претстави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Во присуство на медиумите и присутните граѓанки и граѓани, свои обраќања на тема зелени вредности, социјална правда и антинационализам имаа градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков и претседателот на Советот на Општината, Тодор Ристов.

На работилницата беа поканети претставници на Општината и општинскиот совет, институциите, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите и активистите во соодветните области.

https://civilmedia.mk/zelen-tsivil-zelenite-politiki-vo-fokusot-na-lokalnata-vlast-vo-gevgelija/

Градоначалникот Поцков ги истакна капиталните инвестиции во зелените политики на локално ниво, како и социјалните политики, особено во последниот период, наметнати од пандамијата со Ковид-19. Градоначалникот напомена дека сè уште постои интерес за отворање рудници во гегелискиот регион, но заеднички со Советот одлучиле дека Гевгелија ќе инвестира во зелени решенија, одржлив економски, еколошки и социјален развој.

Во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, зборува за тоа како го направи градот да е позелен, модерен и да ги застапува европските вредности. Тој зборува и за тоа како се победи национализмот во Гевгелија дури и додека траеше проблемот со името со соседна Грција.

Тимот на ЦИВИЛ потоа продолжи со инфо штандови и анкети со граѓанките и граѓаните во општините Демир Капија и Неготино.

Зелениот караван на ЦИВИЛ одржа работилница и средби со граѓанките и граѓаните во општина Велес.

Свое излагање за напорите Велес да биде и остане препознаен како зелен град имаше и  градоначалникот на Велес, Ацо Коцевски.

Градоначалникот Коцевски зборуваше за зелените на локално ниво, но и за национализмот како општествена појава, иако Велес не е препознатлив како град каде национализмот предизвикува кофликти во меѓуетничките односи.

„Национализмот е последното прибежиште на неранимајковците“, вели Коцевски.

Градоначалникот особено се осврна на зелените проекти на општината, но и за предизвиците на локалната самоуправа во поглед на бавната  децентрализација.

Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, регионално седиште Сараево, БиХ.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ