• Latest

Зелените доаѓаат во Штип: Преку едукација до јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот

September 23, 2020

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелените доаѓаат во Штип: Преку едукација до јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот

September 23, 2020 11:04
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ организираше работилница „Зелените доаѓаат“ во рамки на Зелениот караван посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, во просториите на Општина Штип.

На работилницата присуствуваа претставници на општината и на Советот, како и претставници на граѓанското општество и медиумите. Главните теми и цели на Зелен ЦИВИЛ ги поттикнаа присутните да развијат дискусија за главните активности што се преземаат во промоција и негување на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот,  но ги споделија и главните проблеми со кои на локално ниво се соочуваат граѓанките и граѓаните на Штип во однос на комуналната хигиена, работничките права, едукацијата и јакнење на јавната свест. Проектот го презентираше Џабир Дерала, кој воедно ја истакна важноста на граѓанското учество и на носителите на одлуки во заедничка соработка на промоција, негување и едукација.

Секретарката на Општина Штип, Соња Китанова, зборуваше за позитивните аспекти и придонеси на општината и негување на вредности што водат кон одржување на хомогено општество преку толеранција и разбирање, како и соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу говорниците беше и Горан Трајков, директор на Домот на млади во Штип, кој зборуваше од аспект на културата и уметноста и нивното влијание кај младите, идните носители на одлуки во општеството, нивното активно учество во креирање на свет во кој креативноста и иновативноста ќе придонесуваат кон заедничко зелена иднина. Трајков истакна дека за сите општествени проблеми што произлегуваат и водат кон неразбирање на зелените вредности, социјалната неправда, и националистичките реторики се од недоволна едукација на граѓанките и граѓаните, особено на младите генерации и неоставање доволен простор нивниот потенцијал да го насочат кон вредности кои ќе придонесат кон почитување човековите права и слободи, достоинство и личната среќа, антидискриминација, социјална и еколошка правда, демократија…

Зелениот караван на ЦИВИЛ ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.


Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“  што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ