• Latest
Бранко Тричковски

Црквата да одјебе од жените и жените да одјебат од Црквата

March 12, 2023
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Црквата да одјебе од жените и жените да одјебат од Црквата

March 12, 2023 09:18
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Три работи го плафонираат духот на Македонецот и го хендикепираат во животот: Јазикот, православната вера/црква и историјата.

Всушност, самата арматурата на нацијата, заедно со гипс плочите на вмро кои го затвораат погледот кон ѕвезденото небо и го прават убав изгледот на спуштениот плафон.

Особено при сексуалното општење во мисионерска поза.

Спознајната апаратура што му ја пружаат овие елементи е како стар, бавен и скромен софтвер кој не му овозможува да ги решава сложените задачи на современоста. Немоќта, пак, да ги реши проблемите не го испраќаат во некакви пробиви, или го испраќаат многу доцна, обично, го враќаат кон себе при што дополнително ја оштетува скромноста со која располага. Тие работи ја ограничуваат моќта на неговото разбирање на себе и на светот.

Треба ли да се потсетуваме на епиките за името, за Гоце, за идентитетот, за преамбулата и за уште милион други глупости со кои Македонецот не доби ништо за потрошената енергија и историско време, затоа што добивката беше на другата страна на историскиот терен, во европеизацијата по секоја цена, во излезот од балканските правила кои се направени за да го заебаваат.

Неговата  драма е резултат на вкрстеното делување на овие фактори.

Јазикот, кој ужасно му ја стеснува когнитивната моќ, го посипува со нестварната простоќа која се шири како рак во терминална фаза. Дури и во неговите скромни потенцијали јазикот му се гледа пресложен и пренапорен и тој се зафаќа со преродба во примитивноста во која нема да му требаат повеќе од 50 зборови и десет фрази…

Тие му овозможуваат да знае сè за себе и за светот.

Така се остварува културниот рикверц во кој сиромаштвото на јавниот дискурс и на општата комуникација стануваат пропорционални на патриотизмот.

А културата и знаењето на предавството.

Верата во чија погубна доктринарност никогаш нема ниту ѕирнато, а не пак навлезено, ја брише од своето срце со виледа намокрена во солзи и ја претвора во поза, во манекенство, во изложба на цркви, крстови и крстења по автобуси. Во духовна смисла, православието никогаш не постоело како наука за верата, дури ниту како мистика, никој, од архиепископот до последниот верник не го живее над идејата за јајцата и бадниковите гранчиња, да, и автокефалноста, се статусни, корпоративни и процедурални прашања, значи не над автоматизмот на адетите и протоколите, односно со разбирање кое на страшен начин ги ограничува луѓето во нивниот став кон животот.

Тоа е вера во моќта на гревот, не на Исус, на контролата и на смртта, не на животот.

Грандиозна измама.

А историјата,  во која има скромно авторство, или ја негира и обвинува или оди да ја велича и присвојува до ниво да се глупира со длабоки зафати во времето и во вселената. Историјата ја претвора во кал за цигли, но цигли не вади, останува само кал, очај и лажни триумфи.

Прави обратно од тоа што треба да го прави ако сака да се спаси. Наместо да го согледа хендикепот на своето македонство и проблемите кои произлегуваат од дефиницијата која му е всадена, тој се повлекува во него и мисли дека со фолклорни, политички и други паради ќе го засили и ќе го претвори во стап со кој ќе го прескокне високиот ѕид на проблемите (вмро/ману/уким).

Еве некои илустрации од животот.

Жените ја повикаа „Црквата да одјебе“.

Таа порака би била в ред и да се однесува само на ретроградните ставови на црквата во врска со абортусот, но таа има многу сериозна основа во комплетната доктрина и пракса на црквата како корпорација во која жената е потчинета, да не речам роб, исклучена е од корпорациските структури, не ѝ се достапни повисоките нивоа на духовната реализација, освен во манастирите кај што слуша глупости од некој поп или владика, сади млада зелка и везе миљенца за под телевизор.

Уште во обраќањето на Коринтјаните, Свети Павле рекол дека на жените не смее да им се дозволи да зборуваат на состаноците, но она што е најважно, тоа е статусното срозување на жените за да може да се држи на куп црковното богатство, имотот, да нема можност тоа да се распарчува по линија на наследувањето. Да не зборуваме за злоупотребите по сексуална основа и за милион други гревови на црквата.

Според тоа пораката во која се бара „Црквата да одјебе“ е само обид да се биде храбар или макар провокативен, јас и како таква ја поздравувам, но вистинската парола треба да гласи „Црквата да одјебе од жените, а жените да одјебат од Црквата“.

Тоа би било вистинско пробивање на културните и јазични окови.

Да се биде жена во современа смисла, значи, еманципирана и рамноправна и да се биде православна верничка, се две неспоиви работи.

Но, затоа на Маршот на Осми март имаше неколку други пораки од кои најсилно ме тресна по главата првата.

„Да се биде жена во Македонија значи да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш како и дали ќе го преживееш тој ден.“

Ова е првиот став во Колективниот проглас на Платформата за родова еднаквост.

Каква вообразба, имагинација и поетски нерв стои зад оваа шокирачка изјава.

Ваква формулација можела да произлезе само од културата што се обидувам да ја критикувам, значи од склоноста кон поетски надреализам во недостиг на реални изрази за проблемот, како и од склоноста кон патетика во врска со позицијата на жртва која во Македонија има култен статус.

Не е така како што пишува во тој став, се разбира, кој како да е изваден од некоја писмена задача во некое средно училиште или како да е опис на состојба пред будењето, некаков кошмарен сон, а кога би било така како што пишува, тоа би била тотална дисквалификација и на жените и на борбата за рамноправност со резултатите кои се неспорни.

Се разбира, јас не сакам да кажам дека нема проблеми, напротив, само сакам да кажам дека, ако сакаме успешно да ги решаваме проблемите, мораме правилно да ги дефинираме.

Така е и со сè друго.

Поетизирањето на проблемите континуирано како некоја обратна спирала ја усложнуваше и ја усложнува нашата ситуација. Пред седум години реков дека нападите врз владата со повод и без повод,  или со лажен повод, без секунда пауза, како единствен концепт на вмро, демек оцрнувањето на државата до негација и самоомраза, нема да ја урне владата, туку ќе го урне општеството. Ќе му ја одземе деловната способност. Ќе го претворат во лесно манипулирачка маса која потоа ќе се натера да ги следи примордијалните чувства за идентитетот и да го остави својот разум на клавирот. Да вика против Европа. Тоа е да таа мерка нестварно што навистина ги потврдува на фрапантен начин сите ставови за јазикот, за верата, за историјата и за карактерот на народот.

Поканата на Ковачевски до вмро никој не можел да ја прифати затоа што содржела и некаква критика за опозицијата (Блажевска). Неверојатно. Не е точно дека нема дијалог на темата за евроинтеграциите, вистина е дека имаме една злосторничка инсталација маскирана во политичка опозиција која тој процес го кочи за да се стигне до ситуации кои беа проектирани со бугарското вето, не против тие проекции.

Јас верувам дека, во ова елементарно неразбирање, прсти има замешано и корупцијата и злобата и зависта и опортунизмот и други прочуени елементи на македонскиот темперамент и менталитет, но поточно е ако се каже дека самиот менталитет и културните и јазични основи за кои зборев се главниот извор на оваа дезориентација. Која може да биде и фатална.

Борбата против владата може да биде борба против последната влада на Македонија. Во сите деноминации. Споменикот нека биде од мене. Таква е композицијата што ја испишаа вморонските бахови додека народот им долеваше мастило и им го остреше пердувот од гуска со контракции на својот анус.

И затоа јас мислам дека смена на власта нема да има.

Макар не пред да се изврши менталниот сунет на кандидатите.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. | Извор: FRONTLINE
Print Friendly, PDF & Email
Tags: права на женитецрква
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ