Categories

МОНИТОРИНГ Црна пропаганда во Велес

Во Велес денеска граѓанките и граѓаните добија последна порака од ВМРО-ДПМНЕ која сугерира дека треба да се гласа за Гордана Силјановска Давкова, а не за Стево Пендаровски, преку флаери што имаат една цел: целосно да го оцрнат противникот.

Како што јавува дологорочниот набљудувач на ЦИВИЛ, ова е вообичаена практика на ВМРО-ДПМНЕ секогаш пред избори. На флаерите, на црна позадина Пендаровски се нарекува Северџан, припадник на УДБА, лажливец и некој за кого народот е стока.

Од другата страна на флаерот, на бела позадина, Силјановска е претставена како натпартиски кандидат, достоинствена жена за која Уставот не е готвач со странски рецепти и дека, меѓу другото, она што го зборува и го помни.

Б. Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email