Состојба со пожарите до 7:30 часот утринава на територија на државата – регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од нив пет се активни, три под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има на територијата на:
1. Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
3. Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума)
5. Општина Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
Под контрола се пожарите во:
1. Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, м.в. Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
2. Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)
3. Општина Демир Капија – во близина на тунелите на автопатот Е-75 кај Демир Капија (ниска вегетација)
Изгаснати се пожарите во:
1. Маврово – Ростуше: с. Симница – с. Церово (мешана шума и нива)
2. Тетово: кај фабриката Муневере (ниска вегетација)
3–4. Гостивар: с. Дебреше (2 пожара – дива депонија)
3. Велес: с. Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
6–7. Куманово: с. Речица и с. Романовце (ниска вегетација)
8–9. Куманово: с. Романовце и с. Речица – свињарска фарма (стрниште)
10–12. Куманово: с. Лубодраг, с. Речица, градски гробишта (стрништа)
4. Куманово: населба Средорек (ниска вегетација)
5. Липково: с. Ваксинце (ниска вегетација и стрниште)
6. Прилеп 1: с. Штавица – с. Чумово, с. Волково, с. Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)
7. Прилеп 2: с. Вранче (жито)
8. Прилеп 3: с. Мажучиште (ѓубриште – дива депонија)
9. Ресен: с. Шурленци – с. Езерани (трска и ниска вегетација)
10. Кичево: с. Белица (ниска вегетација и грмушки)
11. Струга: с. Велешта (ниска вегетација)
12. Пласница: с. Пласница (ниска вегетација)
13. Гази Баба 1: с. Црешево (ниска вегетација и мешана шума)
14. Гази Баба 2: Парк-шума Гази Баба (ниска вегетација)
15. Сарај 1: с. Семениште (ниска вегетација и мешана шума)
16. Сарај 2: Кеј на р. Вардар (ниска вегетација и ѓубриште)
17. Петровец: с. Горно и с. Средно Коњари (ниска вегетација)
18. Штип 1: с. Лесковица (мешана нискостеблеста шума)
19. Штип 2: ул. „Драги Иванов“ бр. 2, кај браната (ниска вегетација)
20. Штип 3: м.в. Мирјанина Цркава (ниска вегетација)
М. Д.