• Latest
Фото: ДЗС

ЦУК: Два активни пожара во кичевско и еден во Македонски Брод

November 2, 2022
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО НЕПОГОДИ

ЦУК: Два активни пожара во кичевско и еден во Македонски Брод

November 2, 2022 08:52
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ
Фото: ДЗС

Фото: ДЗС

Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за управувањесо кризи (ЦУК) преку регионалните центри за управување со кризи во кооринација со субјектите за управување со кризи известува за активните и за изгаснатите пожари до утрово, денеска 02.11.2022 година.

Активни пожари

РЦУК – Охрид, известува за три активни пожари:

1. Пожарот, што започнал на ден 30.10.2022 година во 13:00 часот во близина на Тајмиште, Општина Кичево, е се уште активен. На ден 01.11.2022 година во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Според последните информации, пожарот се движи во правец на селото Колари, но се уште е далеку од населеното место.

2. Пожарот, што започна на ден 30.10.2022 година во 20:30 часот над с.Бачишта, Општина Кичево, е се уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и ниска вегетација. Во гаснењето на пожарот интервенирале ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и доброволци од месното население од с.Бачишта. Според последните информации, пожарот се движи по ливади кон хидроцентралите и реката и е во непосредна близина на Бачило. Од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ известуваат дека пожарот се шири во правец на реката што делумно ќе го спречи гаснењето на пожарот.

3. Пожарот, што започна на ден 30.10.2022 година во 10:00 часот во атар на с.Ореовец, место викано Присој во Општина Македонски Брод, е се уште активен и истиот е префрлен во атар на с.Русјаци. Со пожарот е зафатени ниска деградирана шума и лисна постела. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Сандански“ и 4 пожарникари со 1 ПП возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод. Во гаснењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер на МВР.

Заради одалеченоста за полнење со вода на противпоѓарното ведро на хеликоптерот во текот на денот се излезе на терен за да се избере место – локација за монтирање на базен, што ќе биде соодветно за ниско слетување на хеликоптерот за полнење вода од монтажниот базен.

Изгаснати пожари

1. РЦУК – Струмица, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Струмица, во којашто се наведува дека на ден 01.11.2022 година во времето од 16.55 до 18.30 часот имале интервенција на запалена нискостеблеста шума и овоштарник помеѓу селата Вељуса и Водоча. Пожарот е ликвидиран. Во интервенцијата учествувале ТППЕ Струмица со 5 пожарникари и 2 теренски возила. Зафатени биле околу 10ha.

2. РЦУК – Битола, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Ресен, во којашто се наведува дека на ден 31.10.2022 година во времето од 11.23 до 19.00 часот во с.Наколец имале интервенција на запалена ниска вегетација, трска и овошни насади со јаболка. На местото интервенирале противпожарна едниница Ресен со 2 ПП возила и 4 пожарникари. Изгорена е површина од 10 хектари.

3. РЦУК – Куманово, известува дека на ден 31.10.2022 година во 16:50 часот, започнал пожар во атар на с.Крстов Дол, Општина Крива Паланка. Со пожарот била опожарена борова шума. Во текот на денот во гаснењето на пожарот интервенирале 5 пожарникари со 1 ПП возило, 5 лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Осогово“ од Крива Паланка и 2 лица вработени во ПО Дирекција за Заштита и спасување Крива Паланка. Во 11:15 часот на ден 01.11.2022 година пожарот е изгаснат. Со пожарот била зафатена површина од околу 20 хектари на борова шума.

РЦУК – Куманово, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Куманово дека во текот на денот имале уште две интервенции:

– интервенција на запален отпад – ниска вегетација во населба „Доне Божинов’ во периодот од 16.10-20.00 часот, каде што учествувале со 1 ПП Возило и 5 пожарникари.

– втората интервенција била во Агино село на запалена ниска вегетација, во периодот од 16.25-17.40 часот каде што учествувале со 1 ПП возило и 4 пожарникари

4. РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од Бригадата за противпоѓарна заштита БППЗ на Град Скопје во којашто се наведува дека во период од 13:03 до 14:25 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запален отпаден материјал во с.Добридол. (Општина Сопиште)

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ