Комуналната хигиена во Анкара има своја библиотека создадена од книги кои се најдени од работниците низ контејнерите во градот.
„Овие книги требаше да завршат во отпад, ние им подаривме нов живот“, изјави Емирали Утеркин раководителот на библиотеката.
Идеата се родила откако со колегите размислувале што да прават во слободното време така тие оформиле и музичка група која користи стари канти за иструменти.
Денеска библиотеката има 4.700 книги а уште 1.500 чекаат свое место на полиците.
Библиотеката е започната пред 7 месеци и во првите неколку имале пристап само вработените во комуналната хигиена (околу 700) но сега имаат пристап сите а библиотеката работи 24 часа.
Во истиот комплекс кој неодамна е реновиран имаат берберница, кафитерија како и библиотеката каде можат да одморат, испијат чај и играат шах додека имаат слободно време.
Е.К.