Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Владата сака да започне нова програма за доброволна воена обука почнувајќи од идната година.
Целта на програмата е годишно да се обучуваат 100.000 доброволци.
„Најважната цел за нас е секој кој е заинтересиран за обука да може да учествува во неа најдоцна до 2026 година. Тоа е тешка задача, но знам дека е изводлива“, рече Туск пред седницата на полската Влада.
Покрај професионалната армија и силите за територијална одбрана, ние мора да изградиме де факто армија на резервисти и кон тоа се насочени нашите акции“, рече Туск додае Туск пишува TP World..
Поттикната од руската агресија врз соседна Украина пред три години, Полска сега троши поголем дел од својот БДП за одбрана од која било друга членка на НАТО.