• Latest

Тутунарите втурнати во вителот на политичките кампањи

April 18, 2019
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тутунарите втурнати во вителот на политичките кампањи

April 18, 2019 16:05
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дехран Муратов

На само неколку дена од првиот круг на претседателските избори, на производителите на тутун им се исплатени субвенции од околу 27 милиони евра. Додека за едните е нормална тековна исплата, за другите е купување на гласови.

Пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец вели дека субвенциите минатата година се исплатија на 17 април, а годинава на 16 април.

„Како и минататата година, и годинава субвенциите се исплаќаат на еден месец пред почетокот на новата сезона, односно тогаш кога им се најпотребни на тутунарите за да ги реинвестираат во новата реколта. Така ќе биде и секоја наредна година. Работите тргнаа на поарно, сѐ повеќе пари завршуваат кај тутунарите, кај земјоделците, кај граѓаните. Во недела, на изборите избираме дали ова ќе продолжи или ќе се вратиме назад во црното време на режимот. Избираме напредок, повеќе пари и сигурна иднина. Продолжуваме заедно напред“, вели пратеникот Локвенец во видео изјавата за локалните медиуми што повеќе наликува на промотивен политички спот отколку на изјава за новинарите.

На оваа исплатена субвенција реагираат од ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека добро е тоа што субвенциите за тутун се исплатени, но лошо е тоа што власта чекаше на 4 дена од денот на изборите да ги исплати субвенциите за тутун.

„По којзнае којпат овие тројца луѓе ги понижуваат земјоделците, ги понижуваат тутунарите мислејќи дека со исплатата на субвенциите ќе ги купат гласовите на тутунарите. Со парите кои државата мора да ги исплати, затоа што по закон им следуваат на тутунарите, пари кои им се заработени со пот! И Николовски и Заев и Пендаровски треба да знаат дека прилепчани најдобро од сите знаат со каква мака се спечалени парите од одгледување тутун. Но, тутунарите, земјоделците, прилепчани, ќе се изборат за правда! Правда ќе има, а тоа ќе го разберат тројцата погоре споменати од СДСМ уште в недела, кога прилепчани ќе го дадат својот глас за број 2 на гласачкото ливче, за Гордата Сиљановска-Давкова, за правда во Македонија!“, изјави Тони Ризески од ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп.

Во Владата, пак, велат дека се работи за редовни исплати планирани пред распишувањето на изборите. Министерството за земјоделство соопшти дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати над 80 отсто од вкупно планираната сума за субвенции за тутунот од реколтата 2018-та. На 26.776 тутунопроизводители им биле исплатени над 27 милиони евра.

Од ДКСК отворија предмет за овој случај, за да разгледаат дали ова исплата го прекршува Изборниот законик. Според претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, исплатата на тутунарите од буџетот на државата, иако според власта е во планиран и законски период, сепак злоупотребата се состои во тоа што исплатата на тутунот се доведува во контекст на претседателските избори.

„Во изјавата на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, за исплата на тутунарите, тој користи и повик да се гласа за кандидатот за претседател, Стево Пендаровски. Подеднаква одговорност има и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои во своите повици ја користи истата тема за да ги повика своите челенови да гласаат за нивниот кандидат за претседател, Гордана Силијановска Давкова. Без оглед на тоа што може, но и не мора да значи, дека се работи за прекршување на Член 8а од Изборниот законик, сепак, со самото спојување на исплатата на субвенциите и претседателската трка гледаме своевидна злоупотреба и кршење на Изборниот законик“, додава Дерала.

Како и да е, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги повикуваат тутунарите, односно земјоделците да гласаат во недела. Едните ги повикуваат да гласаат против оваа власт, односно за „правда“, додека другите ги повикуваат да гласаат за да не се врати „црното време на режимот“.

Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ