• Latest
Бен Валас, Министер за одбрана на Обединетото Кралство

Тврдењата на Кремљ се без основа

January 21, 2022
Фото: МИА Архива

Фајнанс тинк: Растот во првиот квартал со слична динамика како и лани, нема место за еуфорија

June 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на NBC News

Американски судија привремено ја блокираше забраната на Трамп за странски студенти во Харвард

June 6, 2025
Украина, 6 јуни 2025 (извор: ДСНС Украина)

Единствениот „аргумент“ на Русија е теророт: Ноќниот ракетен терор убива цивили низ цела Украина

June 6, 2025

САД воведоа санкции за четворица судии на Меѓународниот кривичен суд

June 6, 2025
Фото: ДСНС Украина

Најмалку четворица загинати во руските напади врз Кијив

June 6, 2025
Фото: Б.Јирдановска / ЦивилМедиа

ЕУ ги запре трговските отстапки за Украина

June 6, 2025
Трамп го пречека Мерц во Белата куќа (AMC News скриншот)

Мерц–Трамп: Средба што може да го промени текот на трансатлантската политика

June 6, 2025

24 ЧАСА: Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост; нема да има промена на цената на струјата; Русија се приближува до 1 милион жртви во војната; САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ: За 4-та економија во Европа

June 5, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали треба да гласа дијаспората?

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

Задржани под закана со оружје: Тимот на Би-Би-Си приведен од израелските сили во јужна Сирија

June 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Тврдењата на Кремљ се без основа

January 21, 2022 10:10
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Бен Валас, Министер за одбрана на Обединетото Кралство

Бен Валас, Министер за одбрана на Обединетото Кралство

Share on FacebookShare on Twitter

БЕН ВАЛАС
Министер за одбрана на Обединетото Кралство

Веќе не можам да избројам колку пати неодамна морав да им го објаснам значењето на англискиот термин „straw man“ („човек од слама“) на моите европски сојузници. Тоа е затоа што најдобриот, жив пример за „човек од слама“ во моментов е тврдењето на Кремљ дека е под закана од НАТО. Во последните недели коментарот на рускиот министер за одбрана дека САД „подготвуваат провокација со хемиски компоненти во источна Украина“ го направи тој „човек од слама“ уште поголем.

Очигледно желбата на Кремљ е сите да се вклучиме во ова лажно тврдење, наместо да ја оспоруваме вистинската агенда на претседателот на Руската Федерација. Испитувањето на фактите брзо ги отфрла обвинувањата против НАТО.

Прво, НАТО е, до својата срж, одбранбена по природа. Во срцето на организацијата е членот бр. 5 кој ги обврзува сите членови да му помогнат на колега-член доколку е нападнат. Без никакви дополнителни услови. Заемната самоодбрана е камен-темелник на НАТО. Оваа обврска не штити сите нас. Сојузници оддалечени како Турција и Норвешка; или блиски како Латвија и Полска, сите имаат корист од пактот и се обврзани да одговорат. Тоа е навистина одбранбен сојуз.

Второ, поранешните советски држави не беа „проширени“ во НАТО, туку се приклучија на нивно барање. Кремљ се обидува да го претстави НАТО како заговор на Западот за посегнување на неговата територија, но во реалноста растот на членството во Алијансата е природен одговор на тие држави на злонамерните активности и закани.

Трето, тврдењето дека НАТО сака да ја опколи Руската Федерација е без основа. Само пет од триесетте сојузници се соседи на Русија, со само 1/16 од нејзините граници се граничи со НАТО. Ако дефиницијата да се биде опкружен е дека 6% од вашиот периметар е блокиран, тогаш без сомнение храбрите луѓе кои се бореле во Арнем или Ленинград во Втората светска војна би имале што да кажат за тоа.

На Кремљ, всушност, не му се заканува распоредот на силите на НАТО, туку привлечноста на неговите вредности. Исто како што знаеме дека неговите дејства навистина се однесуваат на она како претседателот Путин ја толкува историјата и неговите недовршени амбиции за Украина.

Тоа го знаеме затоа што минатото лето тој објави, преку официјалната веб-страница на Владата, своја статија „За историското единство на Русите и Украинците“. Ве повикувам да ја прочитате, ако имате време, бидејќи иако ги опфаќа неговите аргументи, ѝ недостасува точност и е полна со противречности.

Сите ние треба да се грижиме бидејќи она што тече од перото на самиот претседател Путин е есеј од седум илјади зборови што го става етнонационализмот во срцето на неговите амбиции. Не наративот што сега се продава. Не „човекот од слама“ на посегнувањето на НАТО. Тој обезбедува искривено и селективно размислување за да се оправда, во најдобар случај, потчинувањето на Украина, а, во најлош случај, присилното обединување на таа суверена земја.

Статијата на претседателот Путин целосно ги игнорира желбите на граѓаните на Украина, притоа евоцирајќи го истиот тип на етнонационализам што се одвиваше низ Европа со векови и сè уште има потенцијал да ги разбуди истите деструктивни сили на античка омраза. Читателите не само што ќе бидат шокирани од тонот на статијата туку и ќе бидат изненадени од тоа колку малку НАТО се споменува. Па нели „експанзионизмот“ на НАТО е извор на сите грижи на Кремљ? Всушност, само еден параграф е посветен на НАТО.

Во есејот се содржат три тврдења. Првото: дека Западот се обидува да ја искористи поделбата за да „владее“ со Русија. Второто: дека сè друго освен единствена нација на Велика Русија, Мала Русија и Бела Русија (Великоруси, Малоруси, Белоруси) во формат од 17 век е вештачка конструкција и им пркоси на желбите на еден народ, со еден единствен јазик и црква. Третото, дека секој што не се согласува тоа го прави од омраза или фобија кон Русија.

Можеме да го отфрлиме првото тврдење. Никој не сака да владее со Русија. Очигледно е дека, како и секоја друга држава, на граѓаните на една земја им останува да ја одредат сопствената иднина. Поуките на Русија од конфликтите како Чеченија сигурно мора да бидат дека етничките и религиозните конфликти чинат илјадници невини животи, а протагонистите се заглавуваат во децениски расправии.

Што се однесува до Украина, самата Русија го призна нејзиниот суверенитет како независна земја и го гарантираше нејзиниот територијален интегритет, не само со потпишувањето на Меморандумот од Будимпешта во 1994 година, туку и нејзиниот Договор за пријателство со Украина во 1997 година. Сепак, Кремљ, а не Западот, е тој што почна да ги зголемува поделбите во таа земја и неколку други во Европа. Добро се документирани многубројните напори на ГРУ и другите руски агенции како се мешаат во демократски избори и домашни спорови. Политиката „раздели па владеј“ најмногу ѝ одговара на Москва, а не на НАТО.

Веројатно најважното и силно распространето тврдење дека Украина е Русија, а Русија е Украина не е баш така како што е претставено. Украина е одвоена од Русија многу подолго во својата историја отколку што некогаш била обединета. Второ, обвинението дека сите народи во Белорусија, Русија и Украина се потомци на „Древна Рус“ и поради тоа се некако сите Руси. Но, во реалноста, според историчарот професор Ендрју Вилсон во неговиот одличен есеј за RUSI со наслов „Русија и Украина: ‘Еден народ’ како што тврди Путин?“ тие се во најдобар случај „роднини, но не и ист народ“. На ист начин Британија околу 900 н.е. се состоеше од Мерсија, Весекс, Јорк, Стратклајд и други предмодерни кралства, но таа беше граѓанска нација од многу народи, потекла и етникуми која на крајот го формираше Обединетото Кралство.

Ако го започнете и запрете вашето гледање на руската историја во периодот од 1654 и 1917 година, тогаш можете да измислите аргументи за попространа Русија, можеби водејќи се по мотото на рускиот цар пред Руската империја „Суверен на цела Русија: Големата, Малата и Белата“ – Русија, Украина и Белорусија соодветно. И што е најважно, мора да заборавите и на „пред“ и „потоа“ во историјата. Мора да го игнорирате постоењето на Советскиот Сојуз, кршењето на руско-украинскиот договор за пријателство и окупацијата на Крим. Сигурен сум дека ќе се сложите дека ова се многу повеќе од фусноти во историјата.

Иронично, самиот претседател Путин во својот есеј признава дека „работите се менуваат: земјите и заедниците не се исклучок. Се разбира, некој дел од еден народ во процесот на неговиот развој, под влијание на низа причини и историски околности, може во одреден момент да стане свесен за себе како посебна нација. Како да го третираме тоа? Има само еден одговор: со почит!“ Меѓутоа, тој потоа продолжува да отфрла некои од тие „историски околности“ за сè да одговара со неговите сопствени тврдења.

Во најмала рака е сомнително, но во никој случај не е перспектива што ја оправдува ниту окупацијата на Крим (на ист начин Русија го окупираше Крим во 1783 година пркосејќи му на руско-турскиот договор Кучук-Кајнарџи од 1774 година), ниту каква било понатамошна инвазија на модерната Украина, како независна суверена земја.

Последното обвинување против Западот од многумина во руската влада е дека оние кои не се согласуваат со Кремљ се некако русофоби. Ако го оставиме настрана тоа што офицерите на ГРУ распоредија нервни агенси на британските улици или дека сајбер хакирањето и таргетираните атентати потекнуваат од руската држава, обвинувањата за русофобија не можат да бидат подалеку од вистината.

Русија и Обединетото Кралство делат длабока и често взаемно корисна историја. Нашите алијанси помогнаа конечно да се победи Наполеон, а подоцна и Хитлер. Надвор од конфликтите, низ вековите споделувавме технологија, медицина и култура. Во текот на 18 век Русија и Британија биле длабоко поврзани. Помеѓу 1704 и 1854 година, од времето на Петар Велики до Екатерина Велика и до 19 век, Британците можеа да се најдат како адмирали, генерали, хирурзи и архитекти на највисокото ниво во рускиот двор. Таткото на руската морнарица – Семјуел Грејг – е роден во Инверкитинг во Фајф.

Таа взаемна почит е искрена и денес. Британската влада не е во спор со Русија и со рускиот народ – далеку од тоа – но се спротивставува на злонамерните активности на Кремљ.

Па, ако една студена јануарска или февруарска ноќ, руските воени сили повторно влезат во суверена Украина, игнорирајте ги наративите за „човек од слама“ и лажните приказни за агресијата на НАТО и сетете се на зборовите на претседателот на Русија во тој есеј од минатото лето. Запомнете го и запрашајте се што значи тоа, не само за Украина, туку и за сите нас во Европа. Што значи тоа следниот пат…

 


Оваа статија е објавена на официјалната веб страница на Владата на Обединетото Кралство. Насловот и опремата на текстот и линковите се редакциски.
Текстот е објавен и на CIVIL.TODAY, дел од медиумската платформа на ЦИВИЛ на англиски јазик. 
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ