„Тврдокорните“ најавуваат дека ќе ги соберат сите македонски навивачки групи на едно место, за како што велат – „за обединување во борба за македонските национални интереси!“, соопштија на Фејсбук.
Тие објавија и видео кое завршува со пораката: „Македонија на Македонците била и секогаш ќе остане. Земјо моја, знај ќе те чуваме, сите душмани ќе ги сотреме! Скопје, Струга, Тетово, Гостивар, секој град и село е Македонија, тука сонцето грее најсилно, стани Македонче, ова е твојот дом“, со оваа порака завршува промотивното видео – МакедонијаОбединета (Balkan Tifo).
Дали со обидот за побратување на сите македонски навивачки групи, „Тврдокорните“ најавуваат тепачки и инциденти низ улиците, автобусите и населбите со мешано етничко население…!?
Инаку, утре во 10 часот пред Собрание ќе протестираат граѓан(к)ите против Законот за употреба на јазиците (двојазичност). Протестот го организираат неколку самонаречени патриотски здруженија.
Дехран Муратов