• Latest
„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

Тврдокорните во одбрана на „македонските гробови од двојазичност“!

November 21, 2017

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тврдокорните во одбрана на „македонските гробови од двојазичност“!

November 21, 2017 10:34
in ПОЛИТИКА
„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

Share on FacebookShare on Twitter

„Тврдокорните“, повторно ги повикуваат браќата Македонци на протест во среда, во 18 часот, пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, за како што велат „одбрана на државата од двојазичност“. Тие ќе им испратат и порака на челниците на ДПМНЕ – „Или извадете го народот на улица и бранете ја Македонија или тргнете се од политиката!“

Потоа од пред зградата на ДПМНЕ маршот ќе се движи до пред Собрание за да им кажат на „пратениците“: „Секој што ќе крене рака за двојазичност односно двонационалност од сега натаму од нас и македонскиот народ ќе добие посебен режим и посебен третман“.

„Половина од сите вие кои го читате овој текст нема да бидете на овој свет после 30 години, но другата половина ќе страда од последиците од овој закон за двојазичноста“, се вели во нивниот повик во кој исто така се поставува прашањето, дали за браќата Македонци идниот чекор е двојазичност на нивните гробови.

„Двојазичноста не е само губење на македонскиот карактер на државата, туку и прикриен тивок, но сигурен културен геноцид врз македонската нација“, стои во повикот.

Причините за протестот на Тврдокорните се и борбата на 115.000 што за македонскиот јазик платиле со крв. Во 2001 македонски синови гинеле, како и прашањето зошто никогаш не е покренато прашањето – „Кои права ги имаат Македонците во Албанија?”, туку секогаш прашањето е – „Правата на Албанците во Македонија?”.

Тие за најголем непријател на македонскиот народ ги сметаат македонските политичари, односно политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Овие 2 партии (криминални здруженија) ја прифатија тиранската платформа. Уште се свежи лузните од велепредавствата на ВМРО-ДПМНЕ како амнестијата за хашките случаи, назначувањето на Талат Џафери за Министер за одбрана, Законот за јазиците, Законот за знамињата, продажбата на Кичево итн. Ние се бориме против овие 2 предавнички криминални структури. Ние сме заколнати непријатели на овие 2 мафијашки кланови, кои заедно со нивите албански коалициони партнери работат на уништување и егзодус на македонскиот народ.

„Ние сме Тврдокорни и ние сме овдека да ги браниме македонските национални црвени линии!“, стои во повикот.

Со ова Тврдокорните, уште еднаш сакаат да се докажат како натпартиско здружение. И да не заборавиме во својот повик сестрите Македонки не се повикани на улица да се борат за македонскиот јазик.

А за потсетување во моментот Зоран Заев со својата на 1 септември во Арачиново „Заедно пишуваме историја. Јас сум првиот Македонец што се бори за правата на Албанците…“, и така со своите амбиции го ископал гробот на македонскиот народ.

Или само на браќата Македонци?

Биљана Јордановска

Tags: „Тврдокорни“двојазичностПротест
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ