Полицијата на Малта уапси осум лица поради сомнежот дека учествувале во убиството на новинарката, Дафне Каруана Галиција. Сите осомничени се малтешки државјани и повеќето од нив имаат криминални досиеја“, рече премиерот на Малта, Џозеф Мускат.
Полицијата има 48 часа да ги испраша осомничените, да ги обвини или да ги ослободи, пренесува Ројтерс.
Новинарката Каруана Галиција беше убиена на 16-ти октомври во експлозија на автомобил, непосредно по излегувањето од својот дом. Таа соработувала со повеќе малтешки медиуми, а пред сѐ е позната по блогот преку кој открила повеќе корупциски афери.
Малтешка влада претходно вети милион евра надомест за секоја информација што ќе доведе до сторителите на убиството и до оние кои го наредиле.
Д.М.