• Latest
Во Србија повик за бел штрајк во образованието

Учебната година и оваа година нема да започне за децата во Воспитно-поправниот дом Тетово

September 1, 2024
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Учебната година и оваа година нема да започне за децата во Воспитно-поправниот дом Тетово

September 1, 2024 11:39
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Во Србија повик за бел штрајк во образованието

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Образовниот процес за штитениците од Воспитно поправниот дом – Тетово и оваа година нема да започне. Како и лани, овие деца на првиот училишен ден повторно нема да седнат во училишните клупи и да учат. Годинава нема проект, а не се донесени ниту законските измени потребни за формализирање на процесот.

Непосредно пред почетокот на новата учебна година, од Управата за извршување на санкции на прашањето на МИА како оваа година ќе се образуваат штитениците во ВПД – Тетово, одговорија дека побарале од Министерството за образование и наука да го организира и финансира образованието. Министерката за образование Весна Јаневска во изјава за МИА вели дека се очекува тоа да биде наскоро преку измените на Законот за образование на возрасни, додека, Народниот правобранител апелира за решавање на проблемот бидејќи последиците се ненадоместливи.

МИА во неколку наврати претходно пишуваше дека на овие деца им е оневозможено задолжителното образование поради непостапување на институциите кои имаат законска обврска за овозможување на настава за малолетниците кои ја издржуваат мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“.

Непостапувањето, кое траеше неколку години, ја поттикна Комисијата за заштита и спречување од дискриминација да утврди директна продолжена дискриминација во однос на пристапот до образование на децата во ВПД-Тетово од страна на МОН. Народниот правобранител констатираше образовен процес кој не ги исполнува стандардите, а Хелсиншкиот комитет за човекови права порача дека овие деца имаат право на еднаков третман во пристапот до образование, како и сите други деца. Европската Комисија, исто така, последователно го нотираше овој недостаток во своите извештаи.

Годинава нема проект, а не се донесени ниту законските измени потребни за формализирање на процесот

Изминатите години, образованието во овие институции се одржувало со поддршка на УНДП, меѓутоа, тоа не подразбирало класично образование.

Преку програмите на УНДП, децата над 14 години кои се сместени во Волковија се групирале според степенот на подготвеноста и за нив се креирале специјални програми, кои откако ќе ги завршат, не добиваат класични свидетелства, туку уверенија за завршено ниво на образование.

Токму овој факт алармираше дека е неопходно системското решение за решавање на недоследноста и беа иницирани измени во Законот за образование на возрасните, со кои беше предвидено овие уверенија да добијат валидност на свидетелство.

 

Последните информации се дека овој закон, како што информираа од Министерството за образование, по промената на власта е повторно во рацете на работната група при Министерството и се очекува за 10 – тина дена да биде проследен до Владата.

Министерка за образование Весна Јаневска за МИА појаснува дека со измените, Општинското училиште за возрасни „Макаренко“ ќе прерасне во државно училиште и ќе биде задолжено за наставата во казнено-поправните домови.

– Тоа во минатото не било решено и се остварувало со помош на меѓународни организации, што, секако, не е решение. Оваа Влада ќе го реши со тоа што ќе донесе законско решение кое ќе биде обврзно. Тоа е процедура и јас очекувам веќе во рок од една недела, десетина дена, тој закон да биде готов и да биде ставен на јавна расправа. Што значи со мало задоцнување и оваа година ќе почне воспитно образовниот процес и во казнено поправните домови, рече министерката.

Зибери: Правото на образование на децата е загарантирано со Устав и закон

Народниот правобранител Насер Зибери во изјава за МИА информира дека формалниот образовен процес на 23 штитеници кои во моментов се во Воспитно-поправниот дом Тетово е на различни нивоа. Правобранителот информираше дека има седум штитеници кои воопшто немаат завршено ниту една година од образование, има штитеници кои имаат само дел од основното образование и дел кои имаат завршено основно образование и отпочнато дел од средното, но не го довршиле.

Потсети дека правото на образование на децата е право кое е загарантирано со Уставот и законите, а е заштитетно и со Конвенцијата на правата на детето.

– За жал, три години по ред, државата не обезбеди формален образовен процес за овие деца, и тој период е предолг за да може да се продолжи понатаму со еден ваков однос на државата кон овие деца, кои патем се упатени на воспитно-поправна мерка, да се ресоцијализираат и да се вратат во општеството како лица кои ќе можат да се вклучат во јавниот и приватниот живот, дополни правобранителот.

Изразува надеж дека законската димензија на проблемот ќе биде решена со одредување на соодветна установа која ќе биде надлежна и одговорна за изведување на наставата и дека втората димензија на проблемот е обезбедување на соодветни финансиски средства за ангажирање на наставниот кадар, но и за другите потреби кои еден воспитно образовен процес ги наметнува.

Последиците од немањето на воспитно-образовен процес ненадоместливи 

Последиците од немањето воспитно-образовен процес во ВПД, според Народниот правобранител се ненадоместливи. Тој вели дека овие последици, децата ќе ги чувствуваат во својот живот.

– За жал, за дел од штитениците нема да биде воопшто можно воопшто да се надомести. Тие деца ќе останат ускратени со правото на образование, а со тоа и со стекнување со соодветни квалификации и свидетелства, како јавни исправи, за да можат по напуштање на домот, да се вклучат во редовниот образовен процес, но и воопшто во животот. Дел од овие штитеници кои се сместени во ВПД-Тетово, доколку од оваа година отпочне со редовна настава образовниот процес, ќе може делумно да го надоместат пропуштеното имајќи предвид дека три години веќе се изминати, вели правобранителот.

Тој смета дека со ова е доведена во прашање ресоцијализацијата на децата и нивното оспособување за вклучување во животот.

– Тоа е отворање на врата за повраток на тие лица, сега во повозрасни години, да ги најдеме по затворите во земјата. Тоа е најлошиот начин на третирање на овие деца, кои за жал, се судриле со законот во раните години, дополнува правобранителот.

Според него, значењето на образовниот процес за човекот, особено за луѓе на таква возраст, е елементарно, за да може човекот да гради перспектива во животот.

Министерката Јаневска вели дека последиците се лоши, но може да се надополнат.

– За жал, последиците се лоши и затоа ние и брзаме да го донесеме ова законско решение. Ќе се надополни со тоа што сите оние кои имаат потреба од образование ќе почнат од тоа ниво од кое што им е потребно и ќе продолжат да се образуваат во следните нивоа, вели Јаневска, пишува МИА. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ